Македонија воведе рамен данок

08/01/2007

Владата се надева да привлече странски инвестиции со значително намалување даночниот товар.

Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје -- 08/01/07

photo

Властите се надеваат дека новиот систем ќе ја поттикне економијата во земјата. [Getty Images]

Годинава во тек е големо реструктуирање на македонскиот даночен систем. Како што беше ветено за време на изборите, владата ќе воведе рамен персонален данок и данок на добивка од 12 отсто. Во моментов, во функција се прогресивни стапки на персонален данок -- 15 отсто, 18 отсто и 24 отсто. Данокот на добивка е 15 отсто, данокот на имот 3 отсто и ДДВ 15 отсто.

Владата вели дека планира да оди и понатаму, намалувајќи го рамниот данок на 10 отсто во 2008-та година.

Експертите и финасиските институции велат дека новиот даночен систем најверојатно ќе има позитивно влиајние врз економијата, особено во однос на зголемени странски инвестиции. Наплаќањето на данокот ќе стане поефикасно, а со тоа ќе се отежни затајувањето на данок.

Сличните преструктуирања на даночните системи во други земји, особено во балтичките земји, покажаа корисни резултати. Сивата економија е намалена бидејќи бизнисите утврдија дека користа од избегнувањето на данокот е мала во споредба со ризикот.

Меѓутоа, владата ќе биде под притисок да практикува фискална дисциплина, имајќи го предвид потенцијалното намалување на приходите.

Претставници на ММФ неодамна ја посетија Македонија со цел да дискутираат за буџетот за 2007-та година и, според министерот за финансии Трајко Славевски, генерално се согласиле со промените на даночната политика. Меѓутоа, тие покажале загриженост за буџетскиот дефицит. Владата очекува значителен дефицит, додека пак Фондот би сакал тој дефицит да биде зауздан.

Поврзани написи

Loading

ММФ очекува овие разлики да бидат решени наскоро, дозволувајќи завршување во јануари на втората ревизија на стенд-бај договорот на Македонија со Фондот.

Марк Грифитс, шеф на делегацијата на ММФ, рече дека неговиот тим е задоволен од остварувањата на Македонија во макроекономската политика. Земјата има ниски стапки на инфлација, стабилна валута и економски раст од 2 на 4,6 отсто во период од дест години, рече тој. Структурните реформи се имплементираат, и покрај тоа што дојде до промена на владата на парламентарните избори.

Грифитс ја поздрави целта на владата за висок одржлив економски раст и помала невработеност притоа држејќи ја инфлацијата под контрола. Македонија се надева да го удвои стандардот на живеење во следните десет години, констатира тој.

Гувернерот на Народна Банка Петар Гошев предвидува инфлација од 3 отсто, стабилен девизен курс, како и пораст на резервите на странски валути до 1,7 милијарди американски долари во 2007-та.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар