Српскиот Телеком влегува на пазарот во БиХ

28/12/2006

Високо понудената цена стави успешен крај на процесот на приватизација на Телеком Српске, една од водечките компании во БиХ

Од Влатко Вукотиќ за Southeast European Times во Бања Лука– 28/12/06

photo

Телеком Србија понуди 646 милиони евра за 65 отсто од Телеком Српске.[File]

Телеком Србија го доби меѓународниот тендер за 65 отсто од Телеком Српске, водечка компанија за телекомуникации во Република Српска. Понудената цена изнесува 646 милиони евра, многу повеќе од понудените 179 милиони евра од конкурентот Телеком Австрија.

Со годишен приход од 40 милиони евра, Телеком Српске моментално има 630000 мобилни претплатници и 350000 претплатници на фиксната мрежа. Купувачот се согласи да инвестира 50 милиони евра за развој на компанијата во период од една година. Главните канцеларии на компанијата ќе останат во Бања Лука, а сите одредби од договорот потпишан со синдикатот ќе бидат почитувани.

Телеком Србија ветува подобар квалитет на услугите за корисниците во БиХ, нови дополнителни услуги и пониски цени. Таа предвидува враќање на инвестициите во следните десет години. Српската фирма се обидува да добие државна лценца која ќе и овозможи да заземе дел од пазарот и во двата ентитети во БиХ.

Високата понуда, која го надминува буџетот на РС за 2007-та година, беше отпоздравена од страна на владата на ентитетот. Властите веќе најавија планови да ги инвестираат приходите во зголемување на работните места, реформи во пензискиот систем, подобрување на јавните услуги и изградба на модерна инфраструктура во РС.

Српскиот премиер Воислав Коштуница, исто така, го поздрави купувањето, велејќи дека тоа ќе помогне за зајакнување на веќе цврстите односи. Ахмет Хаџипашиќ, премиер на Федерацијата БиХ, и честиташе на владата на РС за зделката.

Меѓутоа, Борис Немшиќ од бордот на директори на Телеком Австрија тврди дека цената понудена од Телеком Србија е превисока и повеќе отсликува политичка одлука отколку пазарните услови. Телеком Австрија понуди да започне преговори за договор со властите на РС доколку се појават некакви проблеми со добитникот на тендерот.

„Непобитен факт е дека Телеком Србија не е најголемата телеком компанија, но ако ја плати целата договорена цена и ги исполни условите од договорот, тогаш нема причина да се грижиме“, рече Рајко Томас, професор по економија на Универзитетот во Бања Лука.

Моментално, во тек е изготвување на договорот за приватизација. Владата на РС бара целата цена да биде платена во рок од еден месец по потпишувањето.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading