28/12/2006
Владата започна агресивни мерки против нелегалните градежни проекти во Македонија.
Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје – 28/12/06
![]() Стотици згради никнуваат секоја година во Македонија без дозвола или не се во согласност со законот. [File] |
Во изминатава деценија, поимот „урбана мафија“ во Македонија стана синоним за организиран крминал. Градежните претпријатија градат без законска дозвола, или ги надминуваат димензиите утврдени од страна на властите за издавање на градежни дозволи. Бидејќи градежните инспектори прогледуваат низ прсти, зградите стануваат легални преку непознати канали. Профитите од легализирањето на нелегалните градби се огромни.
Во центар на вниманието е еден неодамнешен случај. Во градскиот парк во Скопје, за една градба која се наоѓа врз заштитена област од 1500 км2 беше утврдено дека нема добено претходна дозвола. Не само што градбата ги надмина дозволените димензии, но нејзината намена беше променета неколку пати од започнувањето на изградбата. Беше гража на повеќе ката, спортски објект, деловна зграда, хотел и на крајот станбена зграда.
Во септември 2006-та година, по првичната владина истрага за случајот, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски -- премиерот и останатиот дел од кабинетот застанаа на негова страна -- во прес конференција соопшти дека добил неколку закани.
Поликсена Николовска, директор на катастарската служба во Скопје, и Борче Рисовски, сопственик на МЗ Риком Интернешанл, беа осудени на една година затвор во врска со аферата.
Подоцна, Јаневски побара извешати од сите општини. Извештаите открија постоење на 179 нелегални градби, како и многу други кои се во различни фази на градење. Обидите да се срушат овие градби секогаш наидуваат на проблеми. Во еден неодамнешен обид, на Водно надвор од Скопје, толпа сопственици на градбите ја блокираа опремата за рушење.
Деновиве, македонската влада ја започнува секоја седница со дискусија како да се реши проблемот. Формирана е посебна агенција за координација која засебно ќе го контролира и анализира секој граден проект, а целата процедура ќе биде испитана од страна на владиниот кабинет.