Германија се подготвува за претседавањето со ЕУ

28/12/2006

Оживувањето на уставот на ЕУ, стабилизирањето на западен Балкан и продолжувањето на преговорите за пристапување со Турција и Хрватска се меѓу приоритетите на Германија за време на шестмесечното претседавање со блокот, кое почнува на 1-ви јануари.

(АФП - 28/12/06; АП, Ројтерс, Шпигел Онлајн - 27/12/06; АФП, ДПА, Дојче Веле, Интернешанл Хералд Трибјун, EУобзервет, РФЕ/РЛ - 19/12/06)

photo

Германскиот канцелар Ангела Меркел изрази надеж дека уставот на ЕУ ќе биде „вратен во живот“. [Getty Images]

Германија ќе го преземе ротирачкото шестмесечно претседавање со ЕУ од Финска во понеделник (1-ви јануари), седум години откако последно ги држеше конците на тогаш многу помалиот блок. Приоритети на агендата на новото претседателсво се несигурниот устав на Унијата, мировниот процес на Блискиот Исток, климатските промени, стабилноста во западен Балкан и проширувањето ан ЕУ.

Уставниот договор на ЕУ, составен во 2004-та година со цел да се изврши рационализација на институциите блокот во експанзија, беше ставен во фиока откако француските и холандските гласачи го отфрлија во за себни национални референдуми пред околу 18 месеци.

На почетокот од овој месец, германскиот канцелар Ангела Меркел изрази надеж дека уставниот проект ќе биде „вратен во живот“ во периодот додека нејзината земја е на кормилото на ЕУ, така што ќе биде финализран пред крајот на француското претседавање со унијата на 31-ви декември, 2008-та година. Доколку се случи тоа, следните европски парламентарни избори во 2009-та година ќе бидат одржани според новите регулативи.

„Се надеваме дека ќе можеме да поднесеме извештај кон крајот од нашето претседавање во кој ќе биде презентиран план“, рече Меркел за време на посетата на Копенхаген минатата недела. „Во 2008-та година, кога Французите ќе го имаат претседателството, се надеваме да постигнеме резултат“. Уставот веќе е ратификуван од 18 земји од ЕУ, вклучувајќи ги и Бугарија и Романија кои ќе се приклучат кон Унијата во понеделник, со што вкупниот број на земји-членки ќе достигне 27.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Волтер Штајнмаер минатата недела соопшти дека побара од останатите 26 земји да назначат специјални претставници како интерлокутори за заживување на уставот.

Како што се дознава, Меркел планира да одржи лични средби со лидерите на сите други земји-членки на ЕУ во текот на првите три месеци од 2007-та година со цел да изнајде заедничка основа неопходна за напредување на процесот.

Се очекува европските лидери, кои ќе се сретнат во Берлин на крајот од мај за да ја одбележат 50-годишнината од потишувањето на Римскиот договор, да усвојат кратка декларација во која ќе го објаснат „главниот мотив“ на Унијата и нејзиниот иден правец. Германија се надева дека ќе може официјално да презентира план за решавање на проблемот со уставот за време на традиционалниот самит на ЕУ во јуни.

„Пореално, станува збор за утврден план за процесот што ќе следи, кој планираме да го надополниме со краток преглед на едно решение“, објасни Штајнмаер.

Поврзани написи

Loading

Стабилизацијата на западен Балкан, особено со поддржување на преговорите за статусот на Косово или спроведување на резултатот доколку биде постигнат договор за време на германското претседавање со ЕУ, е уште една задача на списокот на Берлин. За да го постигне ова, ЕУ ќе ја ангажира својата најголема мисија досега, со фокус врз правдата и одржувањето ред и мир.

Иако не се очекува ЕУ да прими нови членови по Бугарија и Романија се додека не ги реши своите институционални проблеми, проширувањето ќе остане клучно прашање на германската агенда, вклучувајќи ги и тековните преговори со Хрватска и Турција.

„Преговорите за Договор за стабилизација и асоцијација со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина би можеле да бидат завршени за време на германското претседателство“, се вели во документот на Берлин во кој се дадени детали од програмата.

Германија, исто така, ќе се фокусира врз изготвување на нов акционен план за енергија за ЕУ, како и врз преговорите со Русија за нов договор за партнерство. Актуелниот договор успешно треба да заврши на крајот од 2007-та година, кога Португалија ќе го заврши своето шестмесечно претседателство. Покрај тоа, Германија ќе се обиде да започне нови иницијативи за борба против климатските промени, како и да ги зајакне односите на блокот со стратешки важните соседи и земјите богати со енергија, вклучувајќи ја и Русија, другите бивши советски републики и арапските земји.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Извештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионотИзвештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионот

Според неодамнешниот извештај на Амнести Интернешенел, кршењето на човековите права продолжува во регионот.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Советот на Европа вели дека постојат доволно докази за поддршката на партијата Златна зора на насилството, за Грција да ја забрани партијата, но Атина одбива да го направи тоа. Дали треба Златна зора да биде забранета?

Да.
Не.
Не знам.



Види ги резултатите Додадете коментар