Турција најави нова стратегија за пристапување кон ЕУ

26/12/2006

Анкара ќе продолжи со инплементација на потребните реформи за влез во ЕУ, дури и во областите опфатени со осумте замрзнати преговарачки поглавја соопшти во понеделникот Турскиот министер за надворешни работи Абдула Гул.

(Неделен Турски Журнал - 26/12/06; Заман, Dnevnik.bg, Туркиш Дејли Њуз - 25/12/06; АФП - 22/12/06)

photo

Абдула Гул, Турски министер за надворешни работи. [Getty Images]

Во понеделникот (25 декември) Турција ја откри новата стратегија за нејзино пристапување кон ЕУ. Таа соопшти дека ќе продолжи со инплементација на сите потребни реформи, вклучувајќи ги и реформите во областите во кои преговорите беа прекинати.

"Ако целта е да се достигнат Европските стандарди, тогаш ние сами ќе го направиме тоа без да побара ЕУ" рече Турскиот министер за надворешни работи Абдула Гул.

Процесот на проверка помогна да се истакнат реформите кои Турција мора да ги имплементира пред да се приклучи кон унијата, па затоа нема потреба да чекаме инструкции од Брисел, додаде тој.

Неговата изјава следеше десет дена откако лидерите на 25-те земји членки одлучија да ги замрзнат преговорите за членство со Анкара за осум од 35-те преговарачки поглавја, како реакција на одбивањето на Турција да ги отвори своите пристаништа и аеродроми за сообраќај со Кипар.

Поглавјата -- слободен промет на добра, право на естаблишмент и слобода да се обезбедат услуги, финансиски служби, земјоделски и рурален развој, риболов, транспортни политики, царински унии и надворешни односи -- ќе останат прекинати се додека Европската комисија (ЕК) не потврди дека Турција ги исполнала своите обврски од проширениот царински протокол потпишан во 2005 година.

Протоколот го проширува договорот за царинската унија на Турција со ЕУ кон сите членови на блокот, вклучувајќи го и Кипар. Но, Турција подоцна одби да им дозволи пристап на бродовите и авионите од Грчкиот дел на Кипар кон своите пристаништа и аеродроми, и наместо тоа инсистирајќи дека ЕУ треба прво да ја прекине економската изолација на сепаратистичката Турска република Северен Кипар, која е признава само Анкара.

Една недела по завршувањето на дводневниот самит на ЕУ на 15 декември, Комисијата на постојани претставници на ЕУ ја подржа поканата за Турција да започне преговори за претприемачката и индустриската политика. Високиот претставник за проширување на ЕУ Оли Рен претходно предложи дека Брисел може да започне преговори со Анкара за три други поглавја -- економските и монетарните прашања, финансиската контрола и образованието и културата.

Поврзани написи

Loading

Но, според одлуката на Европските лидери ниту едно поглавје не може да биде привремено затворено се додека Европската комисија не потврди дека Турција целосно ги инплементира своите обврски во однос на царинскиот протокол.

Објавувајќи ја својата нова стратегија, во понеделникот Анкара вети дека ќе продолжи да ги инплементира потребните реформи во сите области. Приоритет ќе им биде даден на мерките потребни за отварање на поглавјата, кои не се засегнати од делумното прекинување.

Минатата недела, Гул ја повтори ангажираноста на неговата земја во обидот да се приклучи кон унијата, ветувајќи дека „процесот на реформи ќе продолжи како досега“.

„Ние не можеме да го прифатиме однесувањето на ЕУ на еден начин кој е спротивен на сржта и духот на нашите односи криејќи се зад различни извинувања како што е проблемот со Кипар.“ АФП ја цитира изјавата на Гул од петокот. Владата нема да се налути или да рече „ние не сме повеќе со вас“, нуту пак планира да ја загрози иднината на Турција додаде тој. „Не доаѓа во предвид да се откажеме од борбата“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар