13/12/2006
Aлбанија беше вклучена на листата главни туристички дестинации препорачани од страна на Њујорк тајмс. И покрај тоа што туризмот во Албанија е сé уште во зародиш, земјата нуди изобилство атракции.
Од Ерлис Селимај за Southeast European Times во Тирана – 13/12/06
![]() Остатоци од театарот и дел од агората во Бутринт. [Википедијa] |
Весникот Њујорк тајмс ја вклучи Албанија на својата листа на главни туристички дестинации за 2007 година. Албанија -- особено јужниот дел од земјата -- се опишува како една од најевтините туристички дестинации во овој дел од листата.
Авторот пишува дека во минатите години Албанија се покажа дека е не само атрактивна за туристите, туку и пристапна. „Албанија направи енормни заложби за демократијата и развојот -- и покажа не само дека е зрела за туристи, туку, исто така, и пристапна. Главниот град, Тирана, со своите згради со свежи бои и со културата на италијанското кафе, претставува фантастична стартна точка, особено со оглед на тоа што е тешко да се потрошат повеќе од 15 американски долари по човек во најубавите ресторани во градот“, се вели во прегледот. „Но, јужниот дел од оваа балканска земја ги има најинтригантните глетки и понуди.“
Во натписот се споменува јужниот град Ѓирокастро -- родното место на поранешниот диктатор Енвер Хоџа и писателот Исмаил Кадаре. „Ѓирокастро е изграден на лизгави, каменести ридчиња, толку стрмни што изгледа како да се противат на човечкото населување, а сепак град на величенствени отомански куќи со плочест кров.“ Помеѓу попознатите места се: Етнографскиот музеј Алипашината тврдина -- изградена во 19-тиот век.
Весникот продолжува со патување во Саранда, споменувајќи ги хотелите во близина на морскиот брег, кои вклучуваат прекрасен поглед и чинат 30 евра за вечер. Весникот ги повикува туристите да одат на плажите.
„Камчестата плажа во центарот на Саранда можеби не е премногу возбудлива, но има бели песочни плажи во близина, вклучувајќи ја и популарната плажа во Ксамили, 10 милји на југ. И ако сте желни за вкусот на класична Европа, до грчкиот остров Крф може брзо да се стигне со хидрофоил, пишува Тајмс.
Сепак, најголемото богатство на јужна Албанија е Бутринт, 2.500 години стар град, околу 11 квадратни милји, се вели во весникот. „Тоа е еден вид место каде што историјата сé уште чека да биде откриена.“
Сместена на ридестиот, прекриен со шуми испакнат југ на Саранда, во близина на границата со Грција, Бутринт -- место од светското наследство на образовната, научна и културна организација на ОН -- беше најпрво ископувана од страна на Италијанците во 1920-тите, кои го открија амфитеатарот и ѕидините изградени од Грците. Археолозите подоцна открија ранохристијански базилики, крстилница и околу осум бањи.
Како и самата Албанија, овој загубен град крие величенствени богатства за смелите истражувачи -- по цена која скоро секој може да си ја дозволи, според Тајмс.
Земјата нуди изобилство атракции, вклучувајќи и песочни бели медитерански плажи, каменити планини, плодни ниви, езера, природни споменици и далечни, недопрени области. Рушевините и археолошките богатства ја одразуваат богатата историја која датира уште од Илирите.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's