13/12/2006
Децентрализацијата на Косово претставува камен на сопнување во процесот на решавање на статусот. И покрај скоро десетмесечните разговори околу ова прашање, нема решение на повидок.
Од Блерта Фониќи-Кабаши и Игор Јовановиќ за Southeast European Times – 13/12/06
![]() „Функционалноста и одржливоста се вистинските два критериуми [за децентрализацијата]“, рече заменик-претставникот на ОН, Алберт Рохан. [Архива] |
Од почетокот на разговорите за статусот, децентрализацијата е најголемата пречка со која се соочува процесот. До крајот на преговорите помеѓу Белград и Приштина, не е постигнато решение.
И покрај тоа што првичните преговори за статусот се фокусираа на техничките прашања важни за долгорочната стабилност на Косово -- особено правата и заштитата на косовските малцинства -- претставникот на ОН за разговорите за статусот, Марти Ахтисари, во февруари ги седна страните на заедничка маса на прв директен дијалог, на кој беше дискутирано за децентрализацијата на локалната власт. Децентрализацијата, според некои, претставува важна мерка за заштита на заедниците на косовските Срби.
И покрај тоа што меѓународната заедница смета дека децентрализацијата е основна за етничкото помирување и градењето на граѓанско општество во Косово, прашањето останува политички непроменето. По немирите што избија во март 2004 година, косовските Срби беа убедени дека нивната иднина зависи од самоуправувањето.
Последниот состанок за ова прашање се одржа минатиот месец во Приштина. Претставниците на Контакт-групата се состанаа со градоначалниците на десетте косовски општини, на разговори околу овој процес. Косовскиот преговарачки тим јасно стави до знаење уште од почетокот дека се противи на децентрализацијата, стравувајќи дека со истата ќе се формираат српски енклави во Косово и можеби ќе дојде до некаков вид делење. Сепак, Контакт-групата смета дека овој процес е неопходен за иднината на покраината.
Белград предложи план кој ќе ја стави централната администрација на покраината на општинско ниво и ќе ја зајакне локалната самоуправа. Планот вклучува создавање на 16 нови неалбански општини, кои ќе имаат надлежности во областите на образованието, здравствената заштита, медиумите, социјалните работи, економијата и приватизацијата, судството -- до ниво на општински суд -- и полицијата. Српските општини, со помош на Белград, мора да имаат „хоризонтална поврзаност“ во рамките на покраината, со цел да ги извршуваат заедничките обврски, како што предложи специјалниот претставник на ОН, Каи Еиде. Тие, исто така, мора да се засноваат на српскиот систем на образование, здравство и социјална политика.
Шефот на американската мисија во Косово, Тина Кеданау, рече дека децентрализацијата ќе биде важен дел од договорот за статусот на Косово, а членовите на Контакт-групата ќе ги поддржат напорите за негово спроведување.
„За подобра функционалност на локалната администрација, ние треба да имаме силни градоначалници на општините“, рече Кеданау минатиот месец. „Локалните власти треба да се занимаваат со она што има поголема важност на локално ниво за народот и градоначалниците на општините треба да се посветат повеќе на прашањата кои се однесуваат на граѓаните од тој локалитет.“
Според заменик специјалниот претставник на ОН, Алберт Рохан, ова се двата важни критериуми за воспоставување на нова општина. „Најпрво, не можеме да воспоставиме измислени општини. Тие не смеат да бидат премали, или во спротивно нема да можат да ги водат своите работи и ќе бидат финансиски неодржливи. Затоа, мора да има минимум луѓе кои ќе живеат во општината, што значи неколку илјади луѓе. Второ, истата мора да биде прилично компактна и луѓето мора да живеат во област која е соседна на друга област -- не можеме да имаме неколку стотини луѓе ваму и неколку стотини луѓе таму. Значи, функционалноста и одржливоста се вистинските два критериуми.“
И покрај објаснувањата и рационализацијата за или против децентрализацијата на покраината, истата останува жешка тема. На крајот од минатиот месец, илјадници косовски Албанци протестираа во Приштина -- што резултираше со испуштање солзавец од страна полицијата на ОН.
Според Герард Галучи, администраторот на ОН во поделениот град Митровица, децентрализацијата „едноставно значи силна локална власт во областите во кои локалниот народ сака да го контролира својот живот, без оглед дали се Срби или Албанци“.
„Не мислам дека некој му го објаснува тоа некому, за жал, тука во Косово“, го цитираше „Гласот на Америка“.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's