Грција е единствената земја од ЈИЕ категоризирана како „целосна демократија“ во Економскиот индекс

24/11/2006

Новото истражување на Економската разузнавачка единица на 167 земји, ја става Грција помеѓу 28-те земји во светот со „целосна демократија“ и уште седум други земји од Југоисточна Европа во групата на „демократии со недостатоци“. Други три земји во регионот се сметаа за „хибридни режими“.

(ЕУобсервер, Софиска новинска агенција, ХИНА, Макфакс - 23/11/06; Блумберг - 21/11/06; Економска разузнавачка единица)

photo

Најдобри оценки Грција доби за изборниот процес, плурализмот и за граѓанските слободи, додека најниски доби за своето политичко учество. [SE Times]

Грција е единствената земја од Југоисточна Европа (ЈИЕ) вклучена во групата на најдемократски нации во светот, според новото истражување објавено од Економската разузнавачка единица (ЕРЕ) оваа недела.

Грција, која се рангираше на 22-рото место помеѓу испитаните 165 земји и две територии, се класифицираше како „целосна демократија“, заедно со уште 27 други нации. Останатите земји влегуваат во една од трите други групи на демократскиот индекс на ЕРЕ -- „демократии со грешка“, „хибридни режими“ и „авторитарни режими“.

Индексот се базира на оценките што земјите ги добија за 60-те индикатори во пет пошироки категории: изборниот процес и плурализмот, функционирањето на владата, политичкото учество, политичката култура и граѓанските слободи.

За секоја од овие категории, испитаните нации добиваа оценки од 0 до 10. Целокупниот индекс на демократијата претставува прост просек на индексите на петте категории. Скоро без исклучок, најдобрите оценки на земјите од ЈИЕ се за изборниот процес и плурализмот, како и за категориите на граѓанските слободи.

Со севкупна оценка од 9,88 и оценката 10.00 во четири од вкупно пет категории, Шведска е највисоко рангираната нација на табелата.

Севкупната оценка на Грција од 8,13 ја става зад Белгија и Јапонија, кои го делат 20-тото место и пред Велика Британија и Франција, кои се рангираа на 23-тото, односно 24-тото место. Нејзините најдобри оценки се за изборниот процес и плурализмот (9,58), како и за граѓанските слободи (9,41), додека најниската оценка (6,67) е за политичкото учество.

Поголем дел од другите земји во регионот се категоризирани во втората групација „демократии со недостатоци“. Помеѓу нив води Кипар, кој влезе во ЕУ во мај 2004 година, заедно со Полска и уште осум други земји од Централна и Источна Европа. Таа го дели 36-тото место со Боцвана, со целокупната оценка од 7,60.

Како и Грција и повеќето други земји од ЈИЕ, и таа доби највисоки оценки за изборниот процес и за плурализмот и граѓанските слободи -- 9,17, односно 9,12. Најниската оценка на Кипар од 6,25 е за политичката култура.

Шест други земји од ЈИЕ -- Бугарија (49-та), Романија (50-та), Хрватска (51-ва), Србија (55-та), Црна Гора (58-ма) и Македонија (68-ма) -- исто така влегуваат во групата на „демократии со недостатоци“.

Севкупната оценка на Бугарија од 7,60 е само 0,04 поени подобра од онаа на нејзиниот северен сосед, Романија. Двете земји, кои ќе влезат во ЕУ на 1-ви јануари, добија исти оценки од 9,58 и 8,53 за изборниот процес и за плурализмот и граѓанските слободи. Двете, исто така, имаат најниска оценки од 5,00 за политичката култура.

И покрај тоа што доби нешто подобра оценка отколку Бугарија и Романија во оваа конкретна категорија, Хрватска, која има севкупна оценка од 7,04, исто така доби најлоша оценка (5,63) за политичката култура.

Србија и Црна Гора добија севкупна оценка од 6,62, односно 6,57. Тие ја добија најдобрата оценка од 9,17 за изборниот процес и плурализмот и истата најлоша оценка од 5.00 за политичкото учество.

Македонија има севкупна оценка од 6,33. Нејзината најниска оценка од 3,75 е за политичката култура.

Албанија, Босна и Херцеговина и Турција, кои се рангираа на 83-тото, 87-мото, односно 88-мото место, се во групата од 30 земји со „хибридни режими“. Нивната севкупна оценка се движи од 5,91 поени за Албанија на 5,78 за БиХ и 5,70 за Турција. Нивните највисоки оценки се за изборниот процес и за плурализмот. Најлошата оценка на Албанија од 4,44 е за политичкото учество, додека најниската оценка на БиХ од 3,29 е за функционирањето на владата. Најниската оценка на Турција од 3,75 е за политичката култура.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading