Србија и Босна и Херцеговина се двоумат за договорот на ЦЕФТА

22/11/2006

Босна и Херцеговина и Србија имаат помалку од еден месец да го потпишат договорот кој ќе ги направи членки на зоната за слободна трговија на Југоисточна Европа. Ако одбијат, тие би можеле да изгубат пазар од 40 милиони потрошувачи.

Од Георги Митев-Шантек за Southeast European Times -- 22/11/06

photo

Тутунската индустрија е главната пречка за Србија, кога станува збор за договорот ЦЕФТА. [Getty Images]

Две земји -- Босна и Херцеговина (БиХ) и Србија -- одбија да го потпишан договорот за зоната на слободна трговија на Југоисточна Европа на конференцијата во Брисел на 9-ти ноември. Тие имаат рок до 19-ти декември да ги решат преостанатите области на несогласување или ризикуваат да изгубат пазар од 40 милиони потрошувачи.

Договорот, со кој ќе се прошири постојниот Централноевропски договор за слободна трговија (ЦЕФТА), и ќе ги вклучи Албанија, БиХ, Хрватска, Македонија, Молдавија, Црна Гора и Косово, има за цел да го замени лавиринтот од 31 билатерален договор. Истиот се смета за клучен за изгледите за проширување на ЕУ во регионот.

„Прекуграничната соработка не е опција, таа е предуслов за успех“, рече минатата недела шефот на Пактот за стабилност, Ерхард Бусек. „Не е важна големината на пазарот, туку квалитетот на неговиот развој. Ако сакате да се натпреварувате надвор од вашиот регион, морате да влезете на европските пазари преку регионалната соработка.“

Поврзани написи

Loading

БиХ и Србија имаа различни приговори на спогодбата во нејзината сегашна форма. Сараево сака истата да вклучува одредба со која ќе се дозволи привремено воведување на царини за производите од Хрватска и Србија. Со ова, таа бара легализирање на својот претходен, унилатерален прекин на билатералните договори потпишани со двете земји. Откако Хрватска и Србија взаемно се договорија за некое ниво на царинска заштита за производителите на месо и млеко, БиХ се почувствува незаштитена. Под силен притисок на фармерите, властите одлучија да воведат ограничувања.

Главната причина за несогласувањето на Србија произлегува од спорот со Хрватска во врска со тутунската индустрија. Двете земји, од практични причини, ги затворија пазарите. Хрватска го заштитува својот производител, фабриката за тутун во Ровињ, со царинските давачки од 38 отсто. Србија, пак, има мал данок (15 отсто) на увезените цигари, но нејзините фабрики во Ниш (во сопственост на „Филип Морис“) и Врање (во сопственост на „Бритиш американ тобако“) се заштитени со високи акцизни давачки.

Министерот за надворешни економски односи, Милан Париводиќ, вели дека државниот секретар на министерството, Влатко Секуловиќ, наскоро ќе отпатува за Загреб за да најде решение.

Заштитата на пазарите со царински бариери е суштински спротивно на принципите на ЦЕФТА, и застапниците на слободната трговија велат дека тие има поголема веројатност да им наштетат отколку да има помогнат на земјите на долгорочен план. Економиите на БиХ и Србија се единствено конкурентни на регионалниот пазар, кој ќе биде сосема либерализиран до 2010 година. Тоа ќе ги изложи двете на притисоците од глобалната конкуренција.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Извештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионотИзвештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионот

Според неодамнешниот извештај на Амнести Интернешенел, кршењето на човековите права продолжува во регионот.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Советот на Европа вели дека постојат доволно докази за поддршката на партијата Златна зора на насилството, за Грција да ја забрани партијата, но Атина одбива да го направи тоа. Дали треба Златна зора да биде забранета?

Да.
Не.
Не знам.



Види ги резултатите Додадете коментар