10/11/2006
Новиот претседател на македонските социјалдемократи вели дека сака да го подобри имиџот на партијата.
Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје – 10/11/06
![]() Радмила Шеќеринска (во средината) беше избрана за нов претседател на СДСМ. [Toмислав Георгиев] |
Радмила Шеќеринска, поранешен вицепремиер задолжена за европски интеграции, е новиот водач на најголемата опозициска партија, Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ). Таа освои 465 од вкупно 500 гласа на вонредниот партиски конгрес на 5-ти ноември.
„Мора да му го вратиме стариот лик на СДСМ“, рече таа утрото по изборите. „Мора напорно да работиме за да ја вратиме довербата, прво од своите членови и симпатизери, а потоа и од граѓаните.“
Шеќеринска е трет претседател на СДСМ по Бранко Црвенковски и Владо Бучковски, и прва жена на чело на голема политичка партија во Македонија.
Според неа, време е СДСМ да сврти нова страница и да и се врати на социјалдемократијата. „Треба да престанеме да зборуваме за функции. Во следниот период треба да ја консолидираме партијата и да започнеме со создавање на социјалдемократски модел на Македонија“, рече таа.
Шеќеринска, дипломиран електроинжењер на Скопскиот универзитет, е член на централниот одбор на СДСМ од 1993 година и член на партиското претседателство од 1995 година. Во 1999 година таа стана потпретседател на централниот одбор, како и меѓународен секретар на партијата.
Помеѓу 1995 и 1999 година, Шеќеринска беше претседател на Младите социјалдемократи. Потоа, помеѓу 1996 и 1998 година таа беше во Советот на град Скопје. Беше член на парламентот од 1998 до 2002 година, а по победата на СДСМ на парламентарните избори во 2002 година, стана потпретседателка на владата. Говори англиски и француски јазик.
Поранешниот претседател на СДСМ, Владо Бучковски, вели дека ќе остане во партијата. „Како демократ јас ќе ја почитувам волјата на мнозинството, но ќе се обидам да осигурам дека ова раководство и мнозинство во СДСМ го почитува нашето мислење како малцинство за време на нивниот мандат.“
На конгресот беше избран и нов централен одбор на партијата, при што беа номинирани вкупно 96 кандидати за 70 позиции. Горан Минчев беше избран за генерален секретар на партијата, поразувајќи го својот противкандидат, Љупчо Јордановски, за 70 гласа. Јордановски е познат како поранешен претседател на парламентот и амбасадор во САД.
Нови потпретседатели се пратениците Јани Макрадули и Игор Ивановски, како и градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's