Ахтисари нема да предложи итна независност за Косово

01/11/2006

Предлогот на претставникот на ОН Марти Ахисари за решение во врска со прашањето на статусот на Косово, наводно, ќе содржи серија услови кои покраината мора да ги исполни на својот пат кон целосна независност од Србија.

(Ројтерс, ДПА, АКИ, Интернешнал хералд трибјун, УПИ, Б92, Макфакс - 31/10/06)

photo

Maрти Ахтисари. [Getty Images]

Решението што претставникот на ОН за разговорите во врска со статусот на Косово се очекува да го предложи подоцна овој месец, ќе го посочи постепениот пат кон државноста, според извештаите од вторникот (31-ви октомври).

Цитирајќи дипломат од Брисел, германската новинска агенција ДПА објави дека планот опфаќа еден привремен период, за време на кој покраината ќе мора да исполни бројни критериуми кои на крајот ќе ја доведат до целосна независност од Србија.

Условите вклучуваат целосно спроведување на владеењето на правото, како и искоренување на корупцијата од владините тела. Со исполнувањето на овие стандарди косовските Албанци ќе докажат „дека се подготвени да ја преземат одговорноста за нивната целосна независност“, истакна официјалниот претставник.

Предлогот, наводно, предвидува и создавање на шест општини во кои ќе доминираат косовските Срби -- втората по големина етничка група во покраината. Новиот устав ќе загарантира заштита на правата на косовското малцинство.

Ахтисари, поранешен фински претседател кој во изминативе осум месеци ги води разговорите спонзорорани од ОН за конечниот статус на Косово, изминатиот викенд го информираше генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, за своите идеи. Тој сега треба да го претстави својот план пред претставниците на Контакт-групата за Косово од шест нации -- Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Русија и САД -- на состанокот на 10-ти ноември.

По одобрението на Групата, тој ќе го претстави својот конечен предлог пред преговарачките тимови на Србите и косовските Албанци.

Иако технички сé уште е дел од Србија, Косово е под администрација на ОН од крајот на конфликтот во покраината од периодот 1998-1999 година. Нејзиното етничко албанско мнозинство бара целосна независност од Србија, додека Белград инсистира на тоа дека може да се согласи само со „суштинска автономија“.

Поврзани написи

Loading

Преговорите предводени од ОН помеѓу официјалните претставници на Србите и косовските Албанци, кои започнаа во Виена на 20-ти февруари, досега не го премостија јазот.

Процесот на одредување на иднината на Косово не треба да се одложува, рече во вторникот американскиот претставник за разговорите во врска со статусот, Френк Виснер. Тој беше во Белград, на состаноци со српскиот претседател Борис Тадиќ, премиерот Воислав Коштуница и министерот за надворешни работи, Вук Драшковиќ.

„Одложувањето може само да ги уништи надежите на оние кои живеат во Косово и да им ја одземе јасноста на Србите ... САД понатаму сметаат дека одложувањето може само да го стави во неизвесност дефинирањето на овој регион, кој треба да ги затвори своите врати на минатото и да ја одреди својата иднина“, додаде Виснер.

Исто така во вторникот, претставникот на ЕУ за разговорите во врска со статусот, Стивен Лен, ги повика косовските институции посериозно да се вклучат во процесот на решавање на статусот. За време на разговорите со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу во Приштина, Лен, исто така, ја истакна важноста на спроведувањето на меѓународно одредените стандарди за Косово.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар