30/10/2006
Во Србија сега се очекуваат предвремени парламентарни и претседателски избори, откако гласачите го одобрија новиот устав на референдумот изминатиот викенд.
Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград - 30/10/06
![]() Плакати во Белград повикуваат на гласање „за“ новиот српски устав. Излегувањето на гласање во последен момент ја спаси мерката од неуспех како резултат на слабиот одѕив. [Getty Images] |
На референдумот минатиот викенд српските гласачи го прифатија новиот устав, прв по времето на Милошевиќ. Документот содржи преамбула во која Косово се дефинира како интегрален дел од Србија, но со широка автономија. Истата беше жестоко критикувана од страна на албанското мнозинство во покраината, кое со години ги бојкотира сите избори во српска организација.
Според прелиминарните резултати на Центарот за слободни избори и демократија и Републичката изборна комисија, 51,4 отсто од гласачите го одобриле уставот. Сега политичките партии мора да се согласат за датумот на предвремените парламентарни и претседателски избори. Според широкото мислење, истите би можеле да бидат распишани во декември.
За одобрување на уставот, истиот мораше да добие поддршка од 50 отсто од граѓаните со право на глас -- најмалку 3,3 милиони луѓе. Вкупно 6,6 милиони луѓе беа регистрирани за гласање на дводневниот референдум, кој започна во саботата (28-ми октомври). Вкупниот одѕив на гласачите во текот на двата дена од гласањето изнесуваше 53,5 отсто. Излегувањето на гласање во последен момент ја спаси мерката од неуспех поради слабиот одѕив.
На првиот ден од референдумот излезноста беше само 17 отсто, освен во областите од Косово каде што живеат Срби, каде што истата изнесуваше 35 до 37 отсто. На крајот, највисока беше излезноста во Косово (90,1%), а најниска во Војводина (45,9%).
Противниците на владата и невладини организации, особено од Војводина, го критикуваа документот како брзо подготвен и полн со недостатоци во многу области, вклучувајќи ја и независноста на судството, еднаквите права за малцинствата и автономијата за локалната власт. Српската опозициска Либерална партија тврдеше дека на избирачките места се случил „масовен фалсификат“, во последните часови од гласањето, при што поединци, наводно, гласале и по неколку пати и без документи за лична идентификација.
По излегувањето на резултатите во неделата вечер, српскиот премиер Воислав Коштуница и српскиот претседател Борис Тадиќ й честитаа на јавноста.
„Ова е голем момент за Србија ... Ова е историски момент, почеток на нова ера“, рече Коштуница, додавајќи дека потврдата за документот го докажал легитимитетот на Србија пред светот.
Тадиќ рече дека исходот од референдумот претставува „многу добра вест“. Тој додаде дека мора да се распишат нови избори, како придонес за политичката стабилност на земјата, регионот и Европа.
Пред гласањето, високи претставници на косовската влада и УНМИК рекоа дека истиот нема да има правно влијание врз процесот што го водат ОН за одредување на конечниот статус на покраината. По неговиот состанок со косовскиот премиер Агим Чеку, шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, рече дека референдумот и решението за статусот на Косово се два одделни процеси.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's