Башеску ја засилува цивилната контрола на војската

24/10/2006

Поради расправиите на највисоко ниво кои доведоа до суспендирање на романскиот министер за одбрана и пензионирање на началникот на армијата, некои предупредуваат дека остварувањата на војската би можеле да бидат погодени ако не биде обновено раководството.

Од Гелу Трандафир за Southeast European Times во Букурешт – 24/10/06

photo

Романскиот претседател Трајан Башеску вели дека нема да толерира мешање на армијата во политиката. [Getty Images]

Назначувајќи го новиот началник на Генераштабот минатиот месец, романскиот претседател Трајан Башеску вети дека ќе ја држи војската далеку од политиката. „Во ниеден момент нема да толерирам мешање на армијата во политиката“, рече тој на церемонијата на поставување на новиот началник на Генералштабот, вицеадмиралот Георге Марин.

Со несогласувањата помеѓу членовите на владејачката коалиција околу одбранбените институции, раководството на романската војска остро се подели.

Претходникот на Марин, генерал Еуген Бадалан, влезе во жестока политичка расправија со министерот за одбрана, Теодор Атанасиу, од Либералната партија, поради што претседателот предупреди за „судир помеѓу министерството и армијата“.

Бадалан се спротивстави на повиците на Атанасиу за повлекување од Ирак, додека Атанасиу побара смена на началникот на армијата поради тоа што за него се водеше истрага во врска со договор за снабдување на армијата. Самиот министер за одбрана, пак, беше испитуван за наводно мешање во политиката на военото разузнавање.

Во септември, претседателот го суспендираше Атанасиу и нареди пензионирање на Бадалан. Сепак, тој го пофали Бадалан за тоа што беше покрај него кога тој се спротивстави на неочекуваниот повик на Либералната партија за повлекување од Ирак. Некои политичари беа под импресија дека „партиски решенија можат да й бидат префрлени за извршување на армијата“, рече Башеску.

И покрај тоа што обвинителите на крајот одлучија да не поднесуваат обвиненија против Атанасиу, Башеску одби да ја повлече наредбата за суспендирање. Министерот сега бара правда во судовите, велејќи дека е казнет поради своите ставови за Ирак и поради тоа што ја нарушил „мрежата на интереси околу Министерството за одбрана“.

Поврзани написи

Loading

Опозициските социјалдемократи, пак, повикаа на назначување на нов министер за одбрана „кој ќе може да ги обнови мостовите помеѓу војската и цивилното раководство“, како што кажа поранешниот претседател на Комисијата за одбрана, Георге Мајор.

„По несреќната одлука за повлекување на војниците, донесена во штабот на една политичка партија, новиот министер треба да може да се интегрира себеси во нормалниот процес на донесување одлуки во врска со политиката на националната безбедност“, изјави Мајор за SETimes непосредно пред Башеску да го избере за шеф на Романската разузнавачка служба.

Јулијан Фота, директор на Колеџот за национална одбрана, вели дека вели дека нема криза во армијата. „Плановите за модернизација на армијата се долгорочен, мошне ригиден, дел од обврските кон НАТО. Тие не се ранливи спрема политичките промени или промените во воената команда. Се разбира, романската армија би сакала политичарите да го признаат нејзиниот голем придонес за пристапот во НАТО.“

Со повеќе од 1.000 војници во Авганистан, Ирак и Косово, „од суштинска важност е да се има хармонизиран цивилно-воен тим кој ќе го предводи Министерството за одбрана“, вели Фота. „Несигурно, површно политичко раководство може негативно да влијае на остварувањата на војската.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар