Недостатокот на официјални податоци и експертиза во Србија им помагаат на перачите на пари

23/10/2006

Легислатива можеби има, но без конзистентни и сигурни податоци, борбата против економскиот криминал во Србија се соочува со големи пречки, се вели во извештајот на ОБСЕ.

Од Георги Митев-Шантек за Southeast European Times во Белград -- 23/10/06

photo

Српското Министерство за внатрешни работи е едно од неколкуте институции вклучено во борбата против економскиот криминал. [Getty Images]

И покрај тоа што Србија ги интензивираше напорите во борбата против перењето пари и сличниот криминал, овие напори се попречувани од несоодветниот менаџмент на информации и проблемите во собирањето податоци, се вели во извештајот на мисијата на ОБСЕ презентиран овој месец.

Секоја владина служба која треба да биде врска во борбата против ваквиот криминал, од царинската агенција до обвинителството, има одделен метод на регистрирање податоци. Овие бази на податоци се некомпатибилни, поради што е невозможно да се следат трагите на парите, се вели во извештајот, насловен како „Перење пари и основани кривични дела во Србија 2000-2005 година“.

Извештајот го подготви Меѓурегионалниот институт на ОН за истражување на криминалот и правосудството, а го поддржаа американскиот Стејт департмент и Министерството за правда. Автори се Петрус ван Дујн, професот по казнено право на Универзитетот Тилбург и Стефано Донати, советник за стопански криминал во мисијата на ОБСЕ во Белград.

Разликите во „водењето на книги“ го попречува лоцирањето на економските и финансиските малверзации. Поради тоа, тешко е да се процени обемот и влијанието на економскиот криминал, или точно да се утврдат оние области каде што е концентриран ваквиот криминал.

Проблемите со податоците се усложнети поради недостатокот од експертиза, се вели ви истиот. Властите се малку на број, технолошки слабо опремени и без потребното ниво на знаење за справување со вешти криминалци и мошне софистицирани измамички шеми.

Според Дујн и Донати, убедлива хипотеза е дека сивата економија е значителна и во голема мерка се базира на странски готовински средства. Според официјалните податоци, српските домаќинства трошат околу 600 милиони евра годишно повеќе од нивниот вкупен приход, и властите не можат да ја објаснат разликата.

Главните играчи во економскиот криминал можеби ги наоѓаат своите финансиски излези во даночните рајови, како што е Кипар, на пример, истакнувајќи сепак дека недостатокот од податоци оневозможува ова да се потврди.

Кипар беше омилена дестинација за изнесување на пари од Србија во времето на Милошевиќ. И покрај релативно малата економија заснована на услуги, регистрите на трансакциите покажуваат дека таа е голем извезувач на стоки за Србија -- поголем и од Русија, земја од која Србија ја увезува сета сурова нафта и природен гас. Само во 2004 година, според информациите од Националната банка на Србија, Кипар извезол стока во вредност од 585 милиони евра за Србија. Според Заводот за статистика, таа бројка е 33 милиони евра, додека кипарските статистички податоци покажуваат само 1,4 милион евра.

Дури и со вклучување на различни класификациони методи, истражувачите истакнуваат дека разликите се сé уште големи. Кипар, исто така, беше далеку најголем инвеститор, со вложени 66 милиони евра во 2005 година. И покрај тоа што не може да докажат, истражувачите на ОБСЕ се сомневаат дека перените пари е можно да биле движечката сила.

Подобрувањето на експертизата и базата на податоци се наоѓа на врвот на листата на препораки дадени во извештајот. Помеѓу другите, истакнати се и подобрувањето на метод на анализа и обезбедување на доволно персонал за заостанатата работа.

Владата испраќа различни сигнали во врска со својата посветеност на решавањето на ваквите прашања. Претставниците на Министерството за внатрешни работи одбија да испратат претставници во експертските фокус групи за ова прашање, а обвинителството, исто така, не испрати свои претставници. Претставниците на Агенцијата за приватизација го откажаа своето учество на денот на одржување на состаноците на тркалезна маса.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading