18/10/2006
Голем е бројот на пречките што им оневозможуваат на Ромите да се стекнат со добро образование, како што се недостатокот од потребната документација и неможноста да го докажат државјанството.
Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје – 18/10/06
![]() Мали питачи-Роми пушат на градскиот плоштад во Скопје. Истражувањето на УНДП покажа дека Ромите и понатаму се помеѓу најсиромашните луѓе на Балканот, при што 44 отсто од ромските домаќинства живеат во сиромаштија, а 15 отсто во екстремна сиромаштија. [Getty Images] |
Ромските невладини организации во Македонија спроведуваат кампања чија цел е зголемување на бројот на ромските деца кои посетуваат училиште. Кампањата која ја поддржува УНИЦЕФ се спроведува во градовите со големо ромско население, како што се Скопје, Куманово, Прилеп и Штип. Мотото е „Секое деца-Роми на училиште“.
Ромчињата се соочуваат со голем број пречки во нивното образование. Оваа година околу 2.000 деца кои требаше на 1-ви септември да започнат во прво одделение, не можеа да го сторат тоа поради немањето потребна документација или поради тоа што нивните родители немале пари, според Националниот ромски центар.
Во голем број случаи, не може да се утврди дали децата и нивните родители се македонски државјани и имаат право на бесплатно школување. Директорите на училиштата велат дека тие се во тешка ситуација, бидејќи без доказ за државјанство, тие би го прекршиле законот.
Друг проблем е тоа што ромските деца честопати рано го напуштаат училиштето. Понекогаш тоа е затоа што нивните деца немаат пари за книги и други училишни материјали. Во други случаи, тоа е резултат на традицијата да влегуваат во брак на возраст од 12 или 13 години. И покрај тоа што околу 72 отсто од Ромчињата се запишуваат во основно училиште, таа бројка се намалува на 31 отсто по 15-тата година.
Слични услови преовладуваат во цела Југоисточна Европа. Низ целиот регион, запишувањето на децата во основните училишта е 20 до 30 отсто помало во споредба со неромските деца, додека стапката на напуштање на училиштата е повеќе од двојно повисока.
Истражувањето на УНИЦЕФ од 2000 година и на Светската банка покажа дека, помеѓу Ромите, мажите се пообразовани од жените. Само 21 отсто од жените го завршуваат своето школување, за разлика од 44 отсто кај мажите, се заклучува во истражувањето.
Овој проблем не е единствен ниту, пак, за Балканот. Според истражувањето објавено во август од страна на виенскиот Европски мониторинг центар за расизам и ксенофобија, ромските деца немаат еднаков пристап до образовните капацитети во земјите-членки на ЕУ. Околу 12 до 15 милиони Роми живеат во Европа, при што 7 до 9 милиони од нив се во земјите-членки на ЕУ, се заклучува во истражувањето. Тоа ги прави најголемото етничко малцинство на континентот.
Во новиот извештај на УНДП, пак, се заклучува дека Ромите и понатаму се помеѓу најсиромашниот народ на Балканот, при што 44 отсто од романските домаќинства живеат во сиромаштија. Од тоа, 15 отсто живеат во екстремна сиромаштија.
УНДП рече дека Ромите во Македонија имаат највисок процент невработеност, 70 отсто, додека 22 отсто немаат пристап до здравствените услуги поради немањето соодветна документација.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's