Баросо препорача пауза во проширувањето на ЕУ по приемот на Бугарија и Романија

26/09/2006

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, во понеделникот рече дека треба да има пауза во процесот на проширување на ЕУ по влезот на Бугарија и Романија, со цел да му се овозможи на блокот да ги реши внатрешните институционални и уставни проблеми.

(AП, Ројтерс, АФП, ББС, Интернешнал хералд трибјун, АКИ, ЕУобсервер, ЕУполитикс - 25/09/06; Еурактив - 21/09/06; Фондација Бертелсман - 20/09/06)

photo

Претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо (десно), и францускиот премиер, Доминик де Вилпен, одржаа заедничка прес-конференција по нивниот состанок во понеделникот (25-ти септември) во Брисел. [Getty Images]

ЕУ не треба да прима нови членки по Бугарија и Романија, пред да ги спроведе институционалните реформи, рече во понеделникот (25-ти септември) претседателот на Европската комисија (ЕК) Жозе Мануел Баросо.

Тој го изјави ова еден ден пред ЕК да го објави својот последен извештај за двете балкански земји, во кој препорача тие да добијат дозвола за влез во ЕУ на 1-ви јануари 2007 година.

„Не би било паметно да се внесуваат други земји-членки освен Романија и Бугарија“, рече Баросо на прес-конференцијата во Брисел, по состанокот со францускиот премиер Доминик де Вилпен. „Не сме во позиција понатаму да ја интегрираме Европа без институционални реформи. Нашиот апсорпционен капацитет има одредени граници.“

Спогодбата во Ница, за која водачите на ЕУ постигнаа согласност на крајот од 2000 година, повеќе од две години пред да стапи на сила во февруари 2003 година, ја обврзува Унијата да ги спроведе институционалните реформи по приемот на својата 27-ма членка.

„Не можеме да продолжиме со проширувањето без да ги расчистиме институционалните прашања, гласањето и донесувањето на одлуките“, изјави Баросо за новинарите.

Предложената уставна спогодба на ЕУ би помогнала да се решат постојните проблеми и ограничувања за понатамошното проширување, но истата беше одложена откако холандските и француските гласачи ја отфрлија на одделните референдуми минатата година.

„До каде можеме да одиме без да предизвикаме неефикасност на ЕУ?“, запраша Де Вилпен, повторувајќи го повикот на Баросо за стопирање на понатамошното проширување. „Ни требаат принципи за правила пред да можеме да ги разгледаме понатамошните фази на проширувањето.“

Изјавата на Баросо во врска со уставната спогодба беше дадена неколку месеци откако водачите на ЕУ во јуни се согласија да се обидат да го решат актуелниот ќор-сокак до крајот на 2008 година.

Според бриселскиот ЕУобсервер, комесарите на ЕУ за комуникации и за регионална политика, Маргот Волстром и Данута Хубнер, в петок ќе се состанат со т.н. „Амато група“, на разговори чија цел ќе биде да се најде решение за ќор-сокакот предизвикан од холандското и француското „не“.

Поврзани написи

Loading

Во меѓувреме, земјата која ќе биде најпогодена од чекорите за решавање на институционалните проблеми на блокот е Хрватска, која заедно со Турција во октомври ги започна разговорите за членство во ЕУ со Брисел и се надева дека ќе го заврши тој процес до 2009 година.

Реформите кои ќе й овозможат на ЕУ да функционира ефикасно, најверојатно, ќе значат мало одложување во пристапот на Хрватска. Сепак, Баросо во понеделникот истакна дека би сакал земјата да се „приклучи што е можно побргу, ако ги исполни сите критериуми“.

Соочена со долга реформска агенда, Турција не се очекува да ги заврши своите преговори уште најмалку десет години.

Другите земји што се надеваат на влез во ЕУ се: Македонија, која доби официјален кандидатски статус во 2005 година, но не доби датум за почеток на своите разговори за членство, како и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар