Поделбата на армијата на Србија и Црна Гора: Црногорска перспектива

21/09/2006

Новата независна држава Црна Гора е во процес на определување каков вид одбранбени сили може да си дозволи земја со 620.000 жители.

Од Антонела Архин за Southeast European Times – 21/09/06

photo

Група млади го веат црногорското знаме пред зградата на парламентот во Подгорица, откако официјално беше прогласена независноста од државната заедница со Србија. [Getty Images]

Неколку недели откако стана независна, Црна Гора ја усвои Стратегијата за национална безбедност и го формираше Министерството за одбрана. Новата независна држава ја потврди својата решеност да стане дел од регионалниот и глобалниот безбедносен систем, истовремено дефинирајќи агенда за реструктуирање на своите одбранбени сили.

Новата црногорска армија, најверојатно, ќе се базира на копнените сили, додека количеството на машинеријата ќе биде драстично намалено. Во моментов Црна Гора има околу 50 тенкови Т-55 и околу 300 парчиња артилерија од различен калибар.

Како резултат на малиот воен буџет, Црна Гора, најверојатно, ќе ги продаде целокупните свои воздухопловни сили и можеби ќе одлучи да побара воздушна заштита од некој свој сосед.

Поранешната сојузна морнарица имаше нешто повеќе од 1.000 професионални војници. Со околу 620.000 граѓани, Црна Гора нема да може самата да ги плаќа овие сили. Сепак, има различни мислења околу тоа колку треба да се намали морнарицата.

Според едно сценарио, Црна Гора е можно да ги продаде своите борбени бродови и да ги намали своите поморски на крајбрежни патроли. Според пензионираниот бригаден-генерал Благоје Граховац, советник за безбедност на претседателот на црногорскиот парламент, таквите патроли би требало да се доволни.

Поврзани написи

Loading

Што се однесува до копнените сили, на Србија й е потребна армија од 8.500 професионални војници, додека на Црна Гора й се доволни 650 до 1100 војници, вели Граховац.

За разлика од тоа, владиниот советник за безбедност, Радосав Мартиновиќ, смета дека на Црна Гора й треба целосна морнарица и дека крајбрежната стража нема да биде доволна.

Според Мартиновиќ, идната црногорска армија треба да биде мала, професионална и интегрирана во колективниот безбедносен систем на регионот и економски одржлива. Таа треба да има околу 3.000 војници и во 2007 година овој број треба да се намали на 2.400 војници. Потребите на оваа армија ќе бидат задоволени со 2 отсто од БДП на земјата. Тоа значи бруто-износ од околу 10.000 евра за војник годишно за плата, обука и научен и технички развој.

Тензиите во регионот конечно завршија и повеќе нема стравување дека армијата би можела да се користи во негативен контекст, рече Мартиновиќ.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар