Србија и САД потпишаа договор за статусот на силите

08/09/2006

За време на посетата на Вашингтон, српскиот претседател Борис Тадиќ разговараше за прашањето на статусот на Косово со официјални претставници на американската администрација и водачи во Сенатот. Тој и американскиот државен секретар, Кондолиза Рајс, исто така, потпишаа договор со кој се дефинираат правата и обврските на американскиот воен персонал стациониран во Србија.

Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград – 08/09/06

photo

Српскиот претседател Борис Тадиќ (лево) и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во четвртокот (7-ми септември) ги разменија документите, по потпишувањето на Договорот за статусот на силите. [Getty Images]

Американскиот државен секретар, Кондолиза Рајс, и српскиот претседател во посета на земјата, Борис Тадиќ, во четвртокот (7-ми септември) потпишаа договор со кој се регулираат правата и обврските на американскиот воен персонал стациониран во Србија.

Договорот за статусот на силите (СОФА) е многу битен за зајакнување на билатералните односи, рече Рајс.

„Овој договор е многу важен за продлабочување на врските помеѓу САД и Србија и подобрување на соработката во воената одбрана и пријателството“, рече таа.

Во врска со прашањето на Косово -- за кое се разговараше околу половина час пред потпишувањето на СОФА -- Тадиќ го потврди „разлика во мислењето“. Но, тој рече дека е важно Србија да ги одржи добрите односи со Вашингтон по завршувањето на преговорите за статусот.

„Ова е од стратешки интерес на Србија“, изјави тој за новинарите.

Посетата на Тадиќ на САД е последен сигнал за подобрените врски. Во април двете земји го потпишаа нивниот прв голем воен договор, Билатералниот договор за спречување на ширењето на оружјето за масовно уништување.

Според Бојан Димитријевиќ, советникот на Тадиќ за воени прашања, српската армија ќе има корист од потпишувањето на СОФА, со оглед на тоа што истиот овозможува континуирана соработка во одбранбениот сектор -- вклучувајќи и програма за партнерство со државата Охајо, кој беше прогласена за „стратешки партнер“ во областа на одбраната.

Поврзани написи

Loading

Конкретните форми на соработка ќе бидат дефинирани појасно подоцна овој месец, кога висока американска воена делегација ќе ја посети Србија.

Во средата, на првиот ден од неговата посета, Тадиќ се состана со повеќе од 20 сенатори, меѓу кои и сенаторот на Охајо, Џорџ Воиновиќ, претседателот на комисијата на сенатот за надворешни односи, Ричард Лугар, како и со претседателот на комисијата на сенатот за вооружените служби, Џон Меккејн.

„Србија сака компромис за Косово и Метохија, кој ќе биде добар за сите граѓани. Тоа е нашата политика. Србија ќе ги брани своите права во Косово и Метохија со сите правни средства. Ние не сакаме насилство на Косово, а српските демократски институции се гарант за таквата политика“, рече Тадиќ.

Тој, исто така, се состана со советникот за национална безбедност Стивен Хедли и со водачите во сенатот на републиканците и демократите, Бил Фрист и Хари Рид. Исто така, на неговата агенда е и состанокот со американскиот заменик-претседател, Дик Чејни, и говор во фондацијата Херитиџ.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар