Поранешниот шеф за внатрешна безбедност на САД ангажиран од Албанија

07/09/2006

Албанскиот премиер Бериша го ангажираше поранешниот американски секретар за внатрешна безбедност на САД, Том Риџ, да й помогне на неговата влада во исполнувањето на нејзината цел за членство во НАТО.

Од Ерлис Селимај за Southeast European Times во Тирана – 07/09/06

photo

Главниот приоритет на Риџ ќе биде да й помогне на Албанија во исполнувањето на нејзините цели за пристап во НАТО во 2008 година. [Getty Images]

Албанскиот премиер Сали Бериша во понеделникот (4-ти септември) објави дека го ангажирал поранешниот американски секретар за внатрешна безбедност, Том Риџ, како советник на владата во врска со прашањата како што се членството во НАТО, борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Риџ ќе започне со работата овој месец, рече портпаролот на Бериша, Неритан Сејамини. Според овој договор, Риџ повремено ќе ја посетува Албанија, но ќе работи првенствено од САД.

Aлбанија аплицираше за членство во НАТО Во 1992 година -- кога Бериша, првиот некомунистички претседател на земјата, ги зајакна врските со Вашингтон. Сепак, интензитетот на врските се намали кога Вериша го одби советот на САД во врска со кризата со пирамидалните шеми во 1997 година, кои доведоа до симнување од власт на неговата влада.

Откако стана премиер во јули 2005 година, тој се залагаше за повторно градење на односите.

Главниот приоритет на Риџ ќе биде да й помогне на Албанија во исполнувањето на нејзината цел за влез во НАТО во 2008 година, рече Бериша. „Риџ ќе й помага и ќе ја советува албанската влада за прашањата кои претставуваат главен приоритет за секоја влада во светот: безбедноста на земјата“, објасни тој.

Тирана го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ во јуни, но останаа пречките во областите како што е економијата, инфраструктурата и борбата против криминалот.

Риџ, кој во понеделникот беше во Тирана, рече дека ќе биде привилегија да се работи за албанската влада. „Подготвен сум да помогнам во неопходните промени кои Албанија мора да ги направи за да стане членка на НАТО и глобален партнер во меѓународната заедница. Верувам дека овие цели може да се остварат и со нетрпение очекувам да започнам да работам со вас во нивната реализација“, рече Риџ.

Во март тој оствари разговори со министерот за одбрана, Фатмир Медиу, министерот за внатрешни работи, Сокол Олдаши, и министерот за јавни прашања, транспорт и телекомуникации, Лулсим Баша. Едно од прашањата за кои се дискутираше беше менаџментот и контролата на границите.

Риџ (61) го прекина својот втор мандат како гувернер на Пенсилванија кога американскиот претседател Џорџ В. Буш го постави да ја координира домашната безбедност по нападите на 11-ти септември во САД. Назначен за шеф на одделот една година подоцна, тој се повлече во февруари 2005 година.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading