31/08/2006
Дванаесеттиот Сараевски филмски фестивал повторно покажа дека е главно место за средба на регионалните продуценти и автори. Фестивалот е признаен од страна на филмските професионалци од целиот свет како рај за контакти за оние кои бараат можности.
Од Антонио Прленда за Southeast European Times во Сараево – 31/08/06
![]() Боно Вокс од U2 (десно) и неговата сопруга на Сараевскиот филмски фестивал. [Харис Мемија] |
Чувствителната приказна за односот помеѓу две жени од поранешна Југославија и нивното самооткривање е раскажана во филмот „Госпоѓица“, кој ја освои наградата за најдобар филм „Срцето на Сараево“ на 12-тиот Сараевски филмски фестивал (СФФ).
Филмот на швајцарскиот режисер Андреа Стака, беше продуциран во Швајцарија, Германија и Босна и Херцеговина (БиХ). Истиот ја освои наградата од 25.000 евра на најпрестижниот филмски фестивал во Југоисточна Европа, кој се одржува секоја година од 16-ти до 26-ти август. Осум филмови од Унгарија, Романија, Хрватска, Србија и БиХ се натпреваруваа за главната награда.
Меѓународното жири на СФФ му ја предаде специјалната награда на жирито на Фарук Лончаревиќ од БиХ за неговиот филм „Мама и тато“. Наградата за најдобра актерка „Срцето на Сараево“ ја доби хрватската актерка Марија Шкаричиќ, додека Ракан Рушаидат, исто така, од Хрватска, ја освои наградата за најдобар актер за неговата улога во „Сé за џабе“ од Антонио Нуиќ. Специјално признание му беше доделено на Романецот Раду Мунтеан за неговиот филм „Хартијата ќе биде сина“.
Жирито му ја додели наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар краток филм на „Среќен пат Недим“, на Марко Шантиќ од Словенија, додека „Што да се прави со себе преку ден“ -- во режија на Ивона Јука од Хрватска -- ја доби наградата за најдобар документарен филм. Наградата за човекови права отиде во рацете на „Вуковар-Последен рез“, на Јанко Баљак од Србија.
СФФ, исто така, ја додели и наградата на публиката за „Пат за Гвантанамо“, во режија на Мајкл Винтерботом и Метју Сантијаго од Велика Британија. Филмот ја раскажува приказната за „Тројцата од Типтон“ -- трио британски муслимани кои се затворени во заливот Гвантанамо две години, додека не бидат ослободени без обвинение. Тројцата, кои присуствуваа на фестивалот, велат дека филмот ја најде „најдобрата за реакција публика“ во Сараево.
Покрај фокусот врз регионалната продукција, СФФ понуди избор од 170 филма од 41 земја -- преку девет дена на 11 локации во Сараево. Помеѓу 100.000 луѓе кои присуствуваа на овогодинешниот настан беше и американскиот актер Ник Нолти и пејачот на поп-групата U2, Боно Вокс.
СФФ беше основан во 1995 година, од страна на „Обала арт центар“. На почетокот, тој изгледаше како утопија -- никој не мислеше дека овој сон на група филмски ентузијасти може да порасне во најважен филмски настан во регионот.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's