25/08/2006
Ревидираниот договор помеѓу Албанија и американското претпријатие „Локхид Мартин“ беше потпишан во вторникот.
Од Ерлис Селимај за Southeast European Times во Тиранa – 25/08/06
![]() Замениците-претседатели на „Локхид Мартин“, Ден Ален (лево), Денис Саики (во средината) и албанскиот министер за одбрана, Фатмир Медиу, во вторникот (22-ри август) во Тирана потпишаа договор вреден 17 милиони американски долари. [Getty Images] |
Американската фирма „Локхид Мартин“ во вторникот (22-ри август) потпиша договор за градење на поморскиот набљудувачки систем на Албанија. Во изјавата за новинарите министерот за одбрана, Фатмир Медиу, рече дека новиот систем ќе биде од помош во борбата против тероризмот и нелегалната трговија, како и зголемувањето на безбедноста на море. Проектот се очекува да биде завршен за четири години.
Договорот вреден 17 милиони американски долари најпрво беше одобрен во 2005 година, од страна на социјалистичката влада на поранешниот премиер Фатос Нано. Документот потоа беше модифициран и на крајот беше одобрен од страна на владата на Сали Бериша овој месец.
„Оваа инвестиција е во рамките на програмата за зголемување на регионалната интеграција, и е дел од стратегиите на албанските вооружени сили за спречување на евентуалниот негативен феномен во поморските области и морската територија на земјата“, се вели во изјавата на Министерскиот совет. Властите воспоставуваат нова структура која ќе се занимава со спроведувањето на договорот.
„Локхид Мартин“, исто така, ја врши модернизацијата на инфраструктурата на албанскиот воздушен сообраќаен менаџмент, со проширувањето на договорот одобрен минатата година. Претпријатието веќе изврши брзо поправање на со децении старата инфраструктура, навреме за справување со воздушниот сообраќај за време на Олимпијадата 2004 во соседна Грција. Поправките се дел од Проектот за модернизација на националниот воздушен простор на земјата.
Реновирањата вклучуваат нова контролна зграда за воздушниот сообраќај, контролна кула на аеродромот, радар со висок домет, комуникациска и навигациска помош, како и нови комјутери и дисплеи за автоматски воздушен сообраќај. Напорите, исто така, вклучуваат и дополнителна обука за контролори и инженери и друга инфраструктурна модернизација.
Идната работа вклучува интеграција на системот „Скајлајн“ со новите комуникациски, навигациски и набљудувачки капацитети, кои ќе го поврзуваат системот на воздушен сообраќај со другите аеродроми во регионот.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's