Лен и Ахтисари се во Косово за да извршат притисок за спроведување на стандардите и за постигнување договор за децентрализацијата

23/08/2006

Косовските водачи треба да ја покажат својата посветеност на мултиетничкото општество и да направат отстапки во врска со малцинските права, рече претставникот на ЕУ за Косово, Стефан Лен, пред посетата на претставникот на ОН, Марти Ахтисари.

Од Блерта Фониќи за Southeast European Times во Приштина – 23/08/06

photo

Специјалниот претставник на ЕУ, Стефан Лен, пристигна во Приштина во вторникот (22-ри август). [Архива]

Специјалниот претставник на ЕУ за Косово, Стефан Лен, во вторникот (22-ри август) пристигна во Приштина, за да побара од водачите да постигнат поголем напредок во спроведувањето на стандардите на ОН. „Исполнувањето на стандардите е клучно за решавањето на конечниот статус“, рече тој.

Тој оствари разговори со косовскиот премиер Фатмир Сејдиу и со водачот на Сојузот за иднината на Косово, поранешниот премиер Рамуш Харадинај. Овие состаноци беа затворени за новинарите.

Сепак, по разговорите со водачот на Демократската партија, Хашим Тачи, Лен даде изјава за медиумите. „Косовските водачи мора да ги продолжат своите напори да допрат до косовските малцинства и јасно да им стават на знаење дека Косово е посветено на создавање мултиетничко општество“, рече тој.

Поврзани написи

Loading

Претставникот на ОН, Марти Ахтисари, -- кој во среда треба да пристигне во Приштина -- ќе изврши притисок врз косовската страна да излезе со повеликодушен став во врска со правата на малцинствата, рече Лен. Посетата се случува во време на интензивирани напори за постигнување решение во врска со децентрализацијата, при што косовските претставници и четирите тима експерти на ОН се состана за да најдат решение за најпроблематичните прашања.

Aхтисари ќе донесе „јасни пораки“ за косовскиот преговарачки тим, додаде тој, опишувајќи ја посетата на претставникот на ОН како многу значајна. Процесот на одредување на конечниот статус на Косово е во својата последна фаза, рече тој.

Тачи, од своја страна, ја истакна важноста на ангажманот со ЕУ, особено како што процесот на решавање на статусот се приближува до својот крај.

„Ние сме заинтересирани за пронаоѓање на решение оваа година. Навистина сме заинтересирани за забрзување на овој процес. Сметам дека сите обврски кои ги имаме како косовска страна ќе бидат завршени навреме и конкретно. Со тоа ќе ја заслужиме почитта на косовските граѓани, како и на меѓународната заедница“, рече Тачи.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар