ЕУ ќе предложи нови антитерористички мерки

17/08/2006

Европската комисија во средата објави дека ќе предложи воведување на нови антитерористички мерки, вклучувајќи и унапредено скенирање на авионските патници, повеќе рестрикции за рачниот багаж и блокирање на веб-страниците кои поттикнуваат тероризам.

(ЕУопсервер, Њујорк тајмс, Тајмс, Скотсмен - 17/08/06; АП, Ројтерс, АФП, ФТ, ББС, СНН, ВОА, ДПА, АКИ, Интернешнал хералд трибјун - 16/08/06)

photo

(Од лево) Финскиот министер за внатрешни работи, Кари Рајамаки, британскиот министер за внатрешни работи, Џон Рид, и заменик-претседателот на ЕУ, Франко Фратини, одржаа прес-конференција во британското Министерство за внатрешни работи во средата (16-ти август) во Лондон. [Getty Images]

По помалку од недела откако британските власти објавија дека спречиле обид за разнесување во воздух на околу 10 авиони упатени кон САД, ЕУ во средата (16-ти август) вети серија нови мерки во борбата против тероризмот во блокот од 25 нации.

„Ние се соочуваме со постојана и реална закана низ цела Европа“, рече британскиот министер за внатрешни работи, Џон Рид, на прес-конференциајта по итниот состанок во Лондон со неколку други министри за внатрешни работи и претставници на ЕУ. „Ова е долготрајна закана и ќе бара ... долготраен одговор.“

Рид и неговите колеги од Финска, Германија, Португалија, Франција и Словенија, чии земји ќе претседаваат со ЕУ во текот на следните 30 месеци, се состанаа во Лондон за да ги договорат новите антитерористички мерки.

Заменик-претседателот на Европската комисија (ЕК) и комесар за правда на ЕУ, Франко Фратини, кој повика на „здружени“ напори во борбата против тероризмот минатата недела, и координаторот на Унијата за борбата против тероризмот, Гијс де Вриес, исто така, учествуваа во дискусиите.

Европските влади мора да обезбедат координиран одговор за да осигурат „дека нема да биде полесно да се пробие обезбедувањето во Париз или Франкфурт отколку во Лондон“, се цитира изјавата на Рид.

Официјалните претставници на ЕУ се согласија дека Европа треба да ја засили својата одбрана против терористичките напади, ветувајќи дека ќе ги забрзаат плановите за зајанување на соработката помеѓу разузнавачките сили на блокот.

„Ние мора да ја подобриме размената на податоци за авионските патници, податоците за имињата на патниците, како системот што го користиме за САД, Канада и Австралија“, рече Фратини, ветувајќи конкретни мерки на неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Финска следниот месец.

Покрај новите рестрикции за рачниот багаж и воведувањето на проверка на отпечатоците на прстите и скенирање на ирисот на патниците со авион, комесарот за правда се очекува да предложи и зголемена размена на патнички информации.

Неговиот предлог ќе се фокусира и на „откривање на експлозиви, можноста за пронаоѓање на комерцијални детонатори, а особени на течните експлозиви“, рече Фратини, ветувајќи 350.000 евра како помош за проучувањето на течните експлозиви.

За време на нивниот состанок во средата, официјалните претставници на ЕУ се согласија дека треба да се најде начин да се блокираат веб-страниците што поттикнуваат тероризам или содржат инструкции за правење бомби.

Покрај тоа, Фратини се очекува да предложи и европските влади да воспостават поблиска соработка со муслиманската заедница на континентот, со цел да спречат нејзина радикализација.

„Ние сакаме европски ислам“, рече Фратини. „Тоа е многу важно, не само за да им се покаже на муслиманските заедници дека целосно ги почитуваме другите религии, другите вери, туку и затоа што сакаме тие да ги почитуваат националните закони, европските закони и основните права, и пред сé правото на живот.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading