Велосипедизмот во Хрватска е во подем

11/08/2006

Како еколошки пријателски, евтин вид на транспорт, велосипедизмот станува сé попопуларна алтернатива. За туристите, истиот нуди начин да ја видат земјата со сета своја природна убавина и сјај.

Од Кристина Чук за Southeast European Times во Загреб -- 11/08/06

photo

Велосипедизмот стана популарен помеѓу туристите во Хрватска. [Getty Images]

Италијанскиот сликар Леонардо да Винчи го нацрта својот прв нацрт на велосипед на крајот од 15-тиот век. Во 1817 година Карл вон Драис измисли направа наречена драисен, која за брзо време стана велосипед каков што го знаеме денес.

Историјата на велосипедизмот во Хрватска е малку покуса. Првите велосипеди не беа донесени во Хрватска сé до 1860 година, но до крајот на 19-тиот век Хрватска имаше свое сопствено велосипедско здружение. Денес Хрватска има скоро 60 велосипедски клубови и бројот на велосипедистите постојано се зголемува.

Велосипедизмот претставува практичен и ефтин начин на превоз, со оглед на тоа што не бара гориво. Тој е добар за животната средина и корисен за здравјето и за физичката форма. Покрај тоа, луѓето од сите возрасти може да возат велосипед.

Велосипедот претставува идеален вид на транспорт за туристите кои сакаат вистински да ја искусат земјата. Селските патишта, шумските патеки, полињата и лозјата лесно може да поминуваат надвор од патиштата. Топлиот контакт со локалните жители, живописната етнографија, природниот вкус на водата од бунарите, старите камени куќи и романтичните црквички се зачините кои придонесуваат за уникатиот вкус на туризмот со велосипеди.

Велосипедизмот е идеален и за островите. Бродовите честопати ги превезуваат велосипедистите од еден остров на друг, а цените за изнајмување на велосипеди се минимални. Комбинацијата од крстарење и турнеи низ островите со велосипед станува сé попопуларна.

Поврзани написи

Loading

Во изминатата деценија Хрватска заостануваше зад многу свои соседни земји по бројот и пристапноста на велосипедските патеки. Сепак, ова прашање денес сé повеќе се решава. Голем број национални паркови во Хрватска ги одбележаа своите патеки и изложија мапи. Националниот парк Плитвички езера ги има едни од најубавите патеки во Европа.

Подемот на домашниот велосипедизам и членството во велосипедските клубови значи поголема поддршка за напорите за подобрување на велосипедската инфраструктура во Хрватска. Во Загреб се спроведува систематски план за зголемување на бројот на велосипедистите на улиците и на растечката инфраструктура.

Во последно време Хрватска ги комбинира најеколошките видови транспорт - возовите и велосипедите - за создавање на нов начин на обиколување на земјата. Велосипедистите можат да купат еден ефтин дневен билет. Возот ги носи низ дел од земјата за преглед и ги оставаат на колку сакаат живописни велосипедски патеки.

На овој начин Хрватска брзо може да фати чекор со своите соседи и сега се гордее со големиот број прекрасни велосипедски патеки за туристите, чиј број и понатаму расте.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар