Водачите на косовските Албанци и на Србите останаа на своите позиции на самитот во Виена

25/07/2006

„Состанокот на слоновите“ во понеделникот во Виена им даде на водачите на косовските Албанци и Србите можност да ги потврдат своите остро спротивставени ставови во врска со иднината на Косово.

Од Берта Фониќи за Southeast European Times во Виена – 25/07/06

photo

Српскиот претседател Борис Тадиќ (десно) разговара со српскиот премиер Воислав Коштуница за време на прес-конференцијата по рундата разговори за иднината на Косово, што се одржа во понеделникот (24-ти јули) во Виена. [Getty Images]

Политичката фаза од преговорите за статусот на Косово започна во понеделникот (24-ти јули), со првиот директен состанок помеѓу српските водачи и водачите на косовските Албанци. Ова беше првпат по интервенцијата на НАТО во 1999 година водачите од двете страни да се состанат на разговори околу иднината на Косово.

Напнатата еднодневна седница во Виена ги исфрли на површина барањата на мнозинството косовски Албанци за целосна независност, наспрема противењето на Србија за вакво решение. Четирите највисоки водачи -- косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, косовскиот премиер Агим Чеку, српскиот претседател Борис Тадиќ и српскиот премиер Воислав Коштуница -- одржаа говори во кои ги потврдија затврдените ставови на своите страни.

Делегациите влегоа од спротивни страни на собата и не се поздравија.

„Очигледно е дека позициите на страните остануваат далечни: Белград ќе се согласи скоро на сé освен на независност, додека Приштина нема да прифати ништо друго освен целосна независност“, изјави за новинарите претставникот на ОН за разговорите во врска со статусот, Марти Ахтисари.

Технички сé уште дел од Србија, Косово е под управа на мисијата на ОН од 1999 година. Неговото мнозинство на косовски Албанци категорички бара отцепување од Србија, додека Белград сака да задржи одреден вид сувереност над покраината.

Досега се одржаа осум рунди технички разговори помеѓу делегациите од двете страни, без позначаен сигнал за напредок.

„Независноста на Косово претставува алфа и омега, почеток и крај на нашиот став“, рече Сејдиу во својот говор на состанокот во понеделникот. „Ние сме заинтересирани за градење независно, суверено и демократско Косово за сите граѓани.“

Тој, исто така, ги увери косовските Срби дека ќе бидат правично застапувани и ги повика да прекинат со бојкотот на косовските институции. Бојкотот, рече тој, го рефлектира притисокот од Белград, повеќе отколку ставот на косовските Срби.

„Србите се добредојдени во нашите институции и секогаш ќе бидат добредојдени“, додаде Сејдиу.

Поврзани написи

Loading

Тадиќ, пак, повика на компромисно решение. Само таквото решение „ќе има вистинско и одржливо значење и ќе може да добие поддршка од Србите“, рече тој. Тој, исто така, рече дека мора да се постигне договор за децентрализацијата и заштитата на верското и културното наследство, велејќи дека тоа е „морално и политичко прашање од најголема важност“.

Коштуница рече дека Србија не може да прифати губење на 15 отсто од својата територија, но ќе прифати да му даде на Косово „суштинска автономија“. Според овој предлог, Белград би ја задржал контролата врз надворешната политика, граничната контрола и другите клучни области, истовремено давајќи му на Косово овластување за најголем дел секојдневни прашања.

„Идејата за создавање нова држава на српската територија е опасна“, рече Коштуница.

Но, Чеку ја отфрли можноста за што било друго освен независност, велејќи дека за ова прашње не може да се преговара. „Ние сме убедени дека Косово е држава. Демократска држава, одржлива и функционална. Дојдовме на овој состанок за да добиеме меѓународна поддршка за нашата држава“, рече Чеку, поранешен командант на Ослободителната војска на Косово.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар