Во БиХ започна судењето против осомничените за тероризам

21/07/2006

Судењето против тројцата осомничени за организирање на терористички напади врз неидентификувани западни цели во Европа започна во четвртокот во Сараево.

(OHR Morning Media Brief - 21/07/06; AП, Ројтерс, ББС - 20/07/06; АП, Ројтерс, ISN Security Watch - 03/05/06)

photo

Тројцата осомничени терористи и нивните адвокати седат во судницата на босанскиот државен суд. [Getty Images]

Судскиот процес против тројцата осомничени за организирање на терористички напади врз неидентификувани западни цели во Европа започна во Државниот суд во Сараево, Босна и Херцеговина (БиХ), во четвртокот (20-ти јули).

Мирсад Бекташевиќ, 19-годишен шведски државјанин со босанско потекло, и Абдулкадир Сезур, 21-годишен турски државјанин кој живеел во Данса, беа уапсени на 19-ти октомври 2005 година под сомневање за терористички активности. Полициската рација на просториите што тие ги изнајмиле резултираше со пронаоѓање на „самоубиствен појас“ и црни маски, скоро 20 килограми експлозив и видеоленти на кои е прикажано како се прави бомба и се даваат инструкции за молитва пред самоубиствен напад.

Третиот обвинет, 29-годишниот Бајро Икавониќ, е босански државјанин. Тој беше уапсен следниот месец, заедно со уште двајца други Босанци, Сенад Хусановиќ и Амир Бајриќ, кои подоцна беа ослободени со кауција.

Бекташевиќ и Сезур пристигнале во БиХ со намера да извршат терористички чин -- во земјата или во некоја друга европска земја -- со цел вршење на притисок за извлекување на силите надвор од Ирак и Авганистан, велат обвинителите. Двајцата мажи, наводно, изнајмиле станови во Сараево и воспоставиле контакт со Икановиќ, од кого ги купиле експлозивите.

Аудиолентата со разговор по мобилен телефон покажува дека Бекташевиќ, со тајно име „Максимус“, побарал од лицето идентификувано како Абдул Басит да му испрати пари „за нешто навистина добро што најдов тука“.

Поврзани написи

Loading

По фаќањето на групата минатата година, босанските власти за ова ги известија данските и британските власти. Тоа доведе до неколку апсења, вклучувајќи го и Басит. Шведските власти, исто така, соработуваа во истрагата.

Цитирајќи го обвинението АФП објави дека „лицата уапсени во Велика Британија, кои се обвинети за кривично дело предизвикување експлозија и општа опасност, Јануз Чули и Васем Ахмет Мугала, биле сопственици на шведскиот телефонски број и босанскиот телефонски број кои ги користел осомничениот Мирсад Бекташевиќ“.

Отфрлајќи ги сите обвиненија, адвокатите на обвинетите рекоа дека обвинението е правно неосновано и дека доказите се „сомнителни“.

Но, обвинителите се убедени дека ќе можат да го докажат својот случај.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар