Првите 100 дена од владата на Чеку предизвикаа различни реакции

19/07/2006

Косовскиот премиер Агим Чеку говореше пред парламентот за првите 100 дена од доаѓањето на власт на неговата влада, но опозициските политичари ја бојкотираа седницата поради процедурална расправија. Во меѓувреме, граѓаните на Приштина даваат свое мислење за администрацијата на Чеку.

Од Берта Фониќи за Southeast European Times во Приштина – 19/07/06

photo

Косовскиот премиер Агим Чеку. [Getty Images]

Косовските пратеници минатата недела го слушнаа излагањето на премиерот Агим Чеку за првите 100 дена од неговата влада. Голем дел од излагањето беше фокусиран на спроведувањето на стандардите поставени од ОН.

Во текот на изминатите три месеци се постигнати значителни резултати, рече премиерот, додавајќи дека Косово „е сосема подготвено да се соочи со првата фаза од постстатусниот период“. Неговата влада интензивно работи на исполнувањето на стандардите, зајакнувањето на безбедноста и политичката стабилност и финализирањето на статусот на Косово, рече Чеку.

Но, опозициските партии ја бојкотираа презентацијата, бидејќи нивниот предлог да му се даде на секој член десет минути за дискусија, не беше одобрен.

„Секој пратеник треба да има шанса да говори или да даде свој коментар на излагањето на Чеку, барем десет минути. За нас, два часа за сите дискусии е премногу кратко“, рече Јакуп Красниќи, шеф на парламентарната група на ПДК.

Според премиерот, бојкотот значи изгубена можност да се даде важна повратна реакција.

„Ние не сме заинтересирани да слушаме само пофалби“, рече Чеку. „Многу е важно за нас да слушнеме и критики, за да знаеме каде направивме пропуст, а каде имавме успех“, рече тој по седницата на 13-ти јули.

Граѓаните на Приштина, пак, имаат свои согледувања за администрацијата на Чеку. „Премиерот треба да дава извештај секој месец во парламентот за работата на владата ... Неговиот извештај треба да биде поконкретен“, вели наставникот во основно училиште Ибуш Јонузи.

Поврзани написи

Loading

Фризерката Магбуле Камбери се согласува. „Премиерот не треба да ги изнесува само успесите, туку и пропустите“, вели таа. „Сметам дека секој месец не само премиерот, туку и целата влада, треба да ни даваат важни информации - особено сега, кога е клучен период за Косово.“

Според Камбери, премиерот, исто така, треба да организира јавни дебати со граѓаните на Косово. „Во овие дебати, мислам дека повеќе треба да се дискутира околу извештајот за работата на владата“, додава таа.

Но, други граѓани велат дека Чеку и неговата влада веќе работат многу транспарентно. На владата й треба одреден степен на приватност за да функционира ефикасно, вели Јетулах Гаши, и не може да се очекува да се открие сé.

Некои граѓани се едноставно индиферентни кога станува збор за политичките прашања. „Мене не ме интересира што се случува во парламентот“, вели Бејтуш Џемајли, кој работи во мала продавница во близина на седиштето на УНМИК. „Јас сум земјоделец и ме интересира само мојата нива.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар