17/07/2006
Советот за безбедност на ОН минатата недела ги ислуша косовскиот претседател, српскиот премиер и претставникот на ОН за разговорите околу статусот.
Од Берта Фониќи за Southeast European Times во Приштина – 17/07/06
![]() Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу (лево) и српскиот премиер Воислав Коштуница говореа пред Советот за безбедност на ОН минатата недела. [Фотографија на SETimes] |
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, српскиот премиер Воислав Коштуница и претставникот на ОН за преговорите во врска со статусот, Марти Ахтисари, минатата недела говореа пред Советот за безбедност на ОН, давајќи различни оценки за ситуацијата во покраината.
Во четвртокот (13-ти јули) Сејдиу говореше пред членовите на Советот. И покрај тоа што седницата беше затворена за медиуми, тој за новинарите изјави дека повикал на независност за Косово, велејќи дека за неа „не може да се преговара“.
„Косовскиот народ има право на самоопределување и Косово треба да биде независно и суверено „со цел да биде одржлив фактор на Балканот и добар сосед на сите други земји“, рече тој.
И покрај тоа што презентацијата на Сејдиу беше на состанок на маргините, а не на формална седница, сепак беше многу значајна, рече заменик-шефот на УНМИК Стивен Шук.
„Сакам сите да сфатат колку е важна оваа посета. И покрај тоа што е состанок на маргините, тој се состана со сите членови и со секој главен претставник во Советот за безбедност. Тој говореше со нив без присуство на УНМИК. Според тоа, ако некој ја минимизира важноста на она што тој го прави овде, тоа значи дека тој не разбира што се случува“, рече Шук.
Обраќањето на Коштуница, пак, ја претстави позицијата на српската влада -- која значи противење на евентуалната целосна независност за Косово и нуди „суштинска автономија“, наместо тоа. Евентуалната сувереност на покраината ќе претставува опасен глобален преседан, укажа српскиот премиер.
„Решението на косовскиот проблем кон кое сите тежиме, мора да биде универзално токму за да се избегне промените на границите да станат преседан на кој потоа би можело да се повика кое било етничко малцинство со територијални претензии“, се цитира изјавата на Коштуница пред Советот.
Специјалниот претставник на ОН, Марти Ахтисари, го информираше Советот за напредокот на директните разговори во Виена, помеѓу делегациите што ги претставуваат Белград и Приштина. Тој рече дека наскоро ќе ги покани водачите на секоја страна на состанок на високо ниво.
„Ова ќе биде првпат политичките водачи од двете страни да имаат шанса да го претстават својот случај и тоа како гледаат на прашањето околу статусот. Потоа ќе ги продолжиме разговорите околу техничките прашања, сé додека не видиме дека имаме напредок во премостувањето на разликите.“
„Разговорите првенствено ќе се фокусираат на заштитените зони околу српските православни и културни места, како и на механизмите за следење и спроведување на решението во областа на културното и верското наследство“, рече Ахтисари.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's