Хрватите и Србите ги оставија настрана разликите за да му оддадат почит на Тесла

13/07/2006

По повод одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на Никола Тесла, Хрватска и Србија организираа заедничка комеморација за големиот научник -- етнички Србин роден во Хрватска

Од Кристина Цук во Загреб и Георги Митев-Шантек во Белград за Southeast European Times -- 13/07/06

photo

Новоподигнатиот споменик на научникот Никола Тесла стои во неговото родно село Смиљан, 200 километри јужно од Загреб, додека илјадници луѓе се собираат да го видат новиот меморијален центар. [Getty Images]

УНЕСКО не можеше да биде повеќе во право кога ја прогласи 2006 година за Година на Никола Тесла. Низ целиот свет се одржаа настани во знак на сеќавање за неговите откритија.

Во април во Универзитетот Колумбија се одржа симпозиум. ОН ја спонзорираа јунската изложба во Грац, каде што Тесла студирал од 1875 до 1878 година. Истиот месец секое домаќинство во западна Австралија најде писмо за Никола Тесла со својата сметка за струја. Во поскоро време, на 9-ти јули, беше окриен меморијален центар „Никола Тесла“ на Нијагрините водопади, каде што научникот ја изгради својата прочуена хидроцентрала.

Адекватно на ова, и Хрватска и Србија организираа специјална прослава во родното село на Тесла, Смиљан. Стотици Срби и Хрвати ја оставија настрана својата историја и се собраа на исто место да му оддадат почит на овој голем човек. Прославата вклучи отворање на новоизградениот мултимедијален центар, кој им овозможува на посетителите да ја видат научната работа и патентите на Тесла.

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ, премиерот Иво Санадер, српскиот претседател Борис Тадиќ и американскиот амбасадор во Хрватска, Роберт Бредке, беа помеѓу официјалните претставници кои присуствуваа на отворањето на центарот.

„Тој е наше заедничко наследство, Србин роден во Хрватска, кој не сакаше етнички конфликти“, рече Тадиќ. „Но, нашето минато не беше секогаш величенствено. Денес имаме заедничка одговорност да им понудиме на нашите граѓани нова визија.“

„Тесла претставува светилник чија светлина почна да свети пред 150 години во Смиљан и продолжува на свети и денес низ целиот свет, без граници и безвременски“, рече Месиќ.

На овој начин Хрватска и Србија заеднички му оддадоа почит на изумителот кој го одбележа векот на индустриската револуција и покажа дека генијалноста ги надминува верските и националните граници.

Поврзани написи

Loading

Исто така како дел од прославата, српската централна банка објави специјални монети и поштенски марки по овој повод, а белградскиот аеродром беше преименуван во чест на „човекот кој го измисли 20-тиот век“, како што некои велат.

Тесла (1856-1943) го открил принципот на ротирачко магнетно поле, индукцискиот мотор, безжичната комуникација, луминисцентното осветлување и над 700 други патенти. Тој е единствениот научник од Балканот чие име се користи како единица во меѓународниот мерен систем.

Кога Тесла зборувал со еден новинар пред повеќе од сто години и рекол дека во блиска иднина секој човек ќе има мала кутија која ќе му овозможи да комуницира со други луѓе, тој бил исмеан.

Денес, кога секој, од бизнисмен до средношколец, ја користи софистицираната технологија на мобилната телефонија, неговото предвидување се покажа точно.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар