Ѕвездата на НБА, Владе Дивац, й заби кош на српската влада

06/07/2006

Владе Дивац, познатиот поранешен кошаркар кој стана бизнисмен, постигна голема победа со пресудата на српскиот Врховен суд со која му се овозможува да го купи најтиражниот весник во земјата -- белградските „Вечерње новости“.

Од Георги Митев-Шантек за Southeast European Times во Белград - 06/07/06

photo

Со одлуката на српскиот суд му се отвори можност на Владе Дивац да го купи белградскиот весник „Вечерње новости“. [ОН]

Поранешната ѕвезда на НБА, Владе Дивац, кој играше за „Чикаго булс“, „Сакраментно кингс“ и „ЛА Лејкерс“, го доби случајот против Министерството за економски прашања. Ова министерство е надлежно за српската Агенција за регистирање на бизниси, која одби да го регистира зголемувањето на акционерскиот капитал од страна на претпријатието на Дивац во белградскиот весник Вечерње новости.

Опструирајќи го она што вообичаено претставува техничко прашање, агенцијата се чини дека ја зазеде страната на оние кои сакаа да ја спречат приватизацијата на весникот, кој е познат по застапувањето на владината политика.

Според пресудата на Врховниот суд, агенцијата нема правна основа да ја спречи регистрационата процедура, и покрај актуелниот спор во врска со државниот удел во акциониот капитал. Сé уште не се знае дали државниот удел й припаѓа на Србија или на поранешната заедничка држава Србија и Црна Гора.

Делот кој Дивац беше спречен да го купи му беше доделен на група мали акционери предводени од главниот уредник на Вечерње новости и генералниот менаџер Манојло Вукотиќ.

Кошаркарската ѕвезда се побуни, велејќи дека потегот бил резултат на политички притисок од партијата на српскиот премиер Воислав Коштуница, која очигледно не сакаше да го загуби влијанието што го ужива преку најтиражниот весник во земјата.

Омилениот Дивац најпрво им понуди на акционерите 2.500 евра за акција, ветувајќи дека нема да влијае на уредничката политика, ниту, пак, дека ќе отпушти некого. Тој, сепак, рече дека тоа не е неговата последна понуда.

Поврзани написи

Loading

Според една независна ревизорска агенција, Вечерње новости се проценува на 30 милиони евра. Други заинтересирани за весникот се: Westdeutsche Allgemeine Zeitung, како и некои српски магнати. Германците нудат 3.500 евра за акција, но не се споменува социјалната програма, додека српските магнати не ја објавија јавно својата понуда.

Маневрирањето со зголемувањето на акционерскиот капитал наместо директното купување на акциите или преземање е на границата на легалноста. Но, ова е вообичаено во Србија, со оглед на тоа што владата и менаџментот на претпријатијата ги користат различните законски дупки за да ги спречат малите акционери да ги продадат своите акции на берзата.

Ова не прв конфликт на Дивац со српската влада. Претходно тој се обиде да го купи претпријатието за производство на најпродаваната минерална вода во Србија, „Књаз Милош“. Но, другите, меѓу кои и Комисијата за хартии од вредност, лобистите и странските амбасади, го блокираа. Претпријатието на крајот беше купено од фонд со седиште во Кејманските острови.

Невозможно е да се поднесе жалба на одлуката на Врховниот суд. Владата или ќе дејствува брзо и ќе ги избере купувачот или ќе мора да го прифати фактот дека Дивац, врз кого нема влијание, конечно ќе купи нешто во Србија.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар