21/06/2006
Учеството на Србија и Црна Гора на Светското првенство 2006 година беше разочарувачката последна воздишка за некогаш гордата традиција на југословенскиот фудбал. Дописникот на SETimes Георги Митев-Шантек прави ретроспектива.
Од Георги Митев-Шантек за Southeast European Times во Белград -- 21/06/06
![]() Фудбалерите на Србија и Црна Гора се фотографираат пред нивниот натпревар од Светското првенство против Аргентина на 16-ти јуни во Гелсенкирхен. [Getty Images] |
Светското првенство 2006 во Германија беше првото и последно учество на Србија и Црна Гора на настанот, исто како што Франција 1998 година беше последен пат за Сојузна Република Југославија. Пред тоа беше Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Кралството Југославија, и -- во 1920 година -- Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, чиј тим го одигра својот прв натпревар против Чехословачка, уште една држава која повеќе не постои.
За среќа, промената на имињата не е единствената работа по која е познат фудбалот во поранешна Југославија. На квалификациите за Еуро 2008, очекуваме да ги видиме тимовите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија, Словенија и можеби Косово. Тие се современите наследници на исклучителната традиција.
Националната репрезентација учествуваше на вкупно 10 светски првенства, стигнувајќи до полуфиналето на две од нив. Двапати стигна до европското финале, и, исто така, се гордееше со импресивните резултати на Олимписките игри -- еден златен, три сребрени и еден бронзен медал.
Почнувајќи од Светското првенство во Уругвај во 1930 година, поранешна Југославија беше значајна сила во меѓународниот фудбал. „Белите орли“ го победија Бразил и стигнаа во полуфиналето, додека тимот на Уругвај го победи со 6:1 -- макар што во навистина чуден натпревар против повеќе од 11 противници. Првиот гол на Уругвај беше постигнат кога еден полицаец од страната на полето ја врати топката во игра.
По огненото крштевање Југославија стабилно се издигаше кон врвот на листите, достигнувајќи го најголемиот успех во 1950-тите и 1960-тите. Златното време беше на крајот од 1970-тите, иако навивачите беа возбудени и од препородот во 1987 година -- кога младиот тим победи на светското првенство во Чиле -- и повторно на Светското првенство во Италија во 1990 година. Тимот кој играше во Чиле го сочинуваа првенствено хрватски играчи, предводени од Давор Шукер, Звонимир Бобан и Роберт Просинечки.
Во Италија во 1990 година играше еден брилијантен тим, избран од Босанецот Ивица Осим, можеби најдобриот југословенски тренер на сите времиња. Тимот се соочи со тимот на Аргентина, кој ја бранеше титулата, играјќи 60 минути со еден играч помалку, откако Шабанџовиќ доби црвен картон маркирајќи го големиот Марадона. Херојската игра заврши со пенал-удари, со кои Аргентина победи.
Во следните години меѓународните санкции ја оттргнаа Југославија од светскиот фудбал. Цената за тоа беше евидентна во 1998 година, кога југословенскиот тим успеа да стигне само до вториот круг. Нивните поранешни соиграчи од Хрватска, станаа изненадувачки ѕвезди на настанот. Тимот не отиде понатаму во 2002 година по нерешениот резултат со Словенија од 1:1 во квалификациониот натпревар за финалето.
Во Германија 2006 година југословенското наслество го претставија два тима -- хрватскиот и српско-црногорскиот -- како и четворица тренери. Покрај Златко Крањчар и Илија Петковиќ, таму се и Бранко Ивановиќ, кој го води иранскиот тим и Ратомир Гане Дујковиќ, кој ја направи извонредната селекција за Гана.
Отсутен од првенството е легендарниот Бора Милутиновиќ, кој ги предводеше тимовите од пет различни земји во првите пет светски првенства, вклучувајќи ги и САД во 1994 и Кина во 2002 година. Успехот на овие тренери е, најверојатно, најдобрата потврда за тоа колку силна некогаш била југословенската фудбалска школа.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's