19/06/2006
На својот втор натпревар од Светското првенство 2006 хрватската репрезентација доминираше над Јапонија, но не успеа да постигне гол.
Од Јован Ѓериќ за Southeast European Times во Нови Сад -- 19/06/06
![]() Хрватскиот играч од срединиот ред Нико Ковач (лево) се бори за топката со јапонскиот играч од средината Хидетоши Наката за време на фудбалскиот натпревар од групата Ф на Светското првенство 2006, помеѓу Јапонија и Хрватска во неделата (18-ти јуни) на стадионот Нуремберг. [Getty Images] |
Тренерот на хрватскиот национален тим Златко Крањчар избран за Светското првенство во Германија 2006, имаше проблеми да ги искористи шансите на тимот и да извлече најмногу од нивната доброорганизирана игра. Како и за време на нивниот натпревар со Бразил пет дена претходно, во вториот натпревар од групата Хрватите одиграа вешто и жилаво, но дури и со пеналот што го изведоа не успеаја да постигнат гол.
Во 21-вата минута од првото полувреме Пршо беше паднат во јапонската пенал-линија. Срна, докажувајќи дека го заслужува прекарот „хрватски Бекам“ ја упати топката во долниот десен ќош од противничкиот гол. Но, јапонскиот голман Кавагучи беше таму навреме за да го спаси голот.
Придонесот на голманот на „Сините самураи“ во 34-тата минута не беше толку импресивен, со оглед на тоа што тој не успеа да го задржи подавањето од позадината и скоро дозволи автогол. Најдобра шанса Самураите имаа во 51-вата минута, кога Јахагисава го промаши празниот гол од далечина од 6-7 метри.
Хрватите Класниќ и Крањчар имаат десеттина шанси да го променат резултатот, но не успеаја да ги искористат приликите. Ова беше 12-ти натпревар на едно светско првенство за тимот и нивни прв нерешен резултат досега. Пред осум години Хрватска имаше гол повеќе кога се соочи со Јапонија во истата фаза од првенството во Франција во 1998 година.
Во следната борба Хрватите ќе бидат без својот силен одбранбен играч Роберт Ковач, кој го доби својот втор жолт картон и нема да учествува на следниот натпревар. Јапонскиот капитен Мјамото, исто така, нема да учествува на следниот натпревар на својот тим со Бразил, од истите причини.
Јапонија делуваше нервозно во текот на целиот натпревар. Нивниот тренер, легендарниот бразилски играч Артур Антониос Комбра „Зико“ ќе мора да поправи многу аспекти од играта на Јапонија ако сака да постигне нешто против своите земјаци в четврток.
Истиот ден Хрватска се соочува со Австралија и мора да победи на натпреварот за да влезе во кругот од 16.
Нуремберг, Франкенстадион. Присуство: 41.000. Судија: Де Блекере (Белгија). Хрватска: Плетикоса, Срна (Бошњак, 87-ма минута), Шимуниќ, Ковач Р., Тудор (Олиќ, 70-та минута), Шимиќ, Бабиќ, Пршо, Ковач Н., Класниќ, Крањчар (Модриќ, 78-ма минута). Јапонија: Кавагучи, Мјамото, Наката Х., Огасавара, Такахара (Огуро, 85-та минута), Накамура, Јанагисава (Тамада, 62-ра минута), Сантос, Фукуниши (Инамото, 45-та минута), Каји, Наказава.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's