ЈИЕ се движи во насока на формирање на единствен воздухопловен пазар

31/05/2006

Новиот договор помеѓу ЕУ и осумте земји од Југоисточна Европа го отвораат патот за елиминирање на ограничувањата, контрола на воздушниот млаз и воздушниот метеж, како и формирање на заеднички воздухопловен пазар. Економската добивка би можела да биде значителна.

Од Антонела Архин за Southeast European Times – 31/05/06

photo

Воздушниот сообраќај помеѓу земјите на ЕУ и ЈИЕ се зголеми за 121 отсто од 2001 година досега. [Архива]

Воздушниот транспорт одигра суштинска улога во европската економија и меѓународната трговија. Воздухопловната индустрија во ЕУ генерира 120 милијарди евра годишен приход, во неа работат 3 милиони лица и истата претставува повеќе од 30 отсто од светскиот воздухопловен транспорт. Создавањето на единствен воздухопловен транспортен пазар во ЕУ обезбедува значителна корист за корисниците и подобрена конкурентност на воздухопловната транспортна индустрија на ЕУ.

Сега, во рамките на договорот потпишан претходно овој месец, блокот им се придружи на осумте земји од Југоисточна Европа за воспоставување на проширен единствен воздухопловен пазар, што покрива вкупно 35 земји. Договорот Европска заедничка воздухопловна зона (ЕКАА) има за цел да отвори нови можности за индустријата, да осигури подеднакво високи безбедносни и сигурносни стандарди низ цела Европа и да донесе конзистентност во практикувањето на правилата на конкуретноста и корисничките права.

Договорот беше потпишан во Салзбург од страна на министрите за транспорт на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Романија, Србија и Црна Гора и Косово, како и од нивните колеги од Исланд и Норвешка. Ова е прв сеопфатен договор во воздухопловниот сектор од усвојувањето на Советот на министри на ЕУ -- во јуни 2005 година -- на картата со насоки за развојот на надворешната воздухопловна политика на Унијата. Основната цел на оваа политика е да создаде поширока Заедничка воздухопловна зона со соседните земји до 2010 година.

Воздушниот сообраќај помеѓу земјите на ЕУ и ЈИЕ е во значителен пораст, односно забележа зголемување за 121 отсто од 2001 година досега. Сепак, летовите се сé уште ограничени со разни рестрикции, од кои некои датираат од балканските конфликти. Според ЕКАА овие правила ќе бидат олеснати, со што ќе се создадат повеќе правци за европските превозници и ќе се унапреди туризмот и инвестиционите можности во ЈИЕ.

Истовремено, договорот ја утврдува рамката за контрола на идниот воздушен млаз, со што ќе се намали сообраќајниот метеж на небото -- една од главните цели на иницијативата на ЕУ Единствено европско небо, усвоена од страна на Парламентарното собрание во март 2004 година.

И покрај тоа што беше потпишан политички договор за ЕКАА и, исто така, постојат и мултилатерални договори, тие мора да ги ратификуваат парламентите на земјите за да влезат во сила.

ЕУ веќе одвои финансиски средства за повеќе од 30 проекти, студиски посети и експертски совети за земјите од ЈИЕ, кои се однесуваат на безбедноста во воздушниот сообраќај и обуката на локалниот персонал за исполнување на потребните стандарди.

На 8-ми јуни ќе биде потпишан договор за Единствен европски воздушен простор од страна на сите членки на ЕУ, на состанокот на Советот на министрите за транспорт во Луксембург.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading