Црна Гора прогласена за врвна дестинација за туризам

29/05/2006

Американското списанието Travel & Leisure ја прогласи Црна Гора за една од најдобрите места за одмор оваа година. Кампањата на Подгорица за привлекување на туристи е можно да се исплати ова лето.

Од Антонела Архин за Southeast European Times – 29/05/06

photo

Американското списание Travel & Leisure ја прогласи Црна Гора за една од најдобрите дестинации за оваа година. [Travel & Leisure]

Патувањата во Европа во изминативе неколку години доживеаја пораст и тој тренд се очекува да се продолжи и оваа година. Откако беше прогласена за врвна дестинација за патување, Црна Гора планира летен прилив на туристи.

Американското списание Travel & Leisure ја прогласи Црна Гора за една од најдобрите дестинации за патување оваа година, велејќи дека нејзините „недопрени бели песочни плажи и средовековни села во временска капсула се помеѓу најинтересните туристички дестинации“. И покрај тоа што патувањето за Лос Анџелес, Орландо, Њујорк и Лас Вегас е секогаш популарно, во натписот објавен на CNN.com се вели дека три врвни дестинации за патување за 2006 година се Колорадо, Кина и Хрватска - но тие се соочуваат со тешка конкуренција од Црна Гора, Минеаполис и Монголија.

Натписот во Travel & Leisure ја прогласува Црна Гора за една од перспективните дестинации за оваа година. Следат Минеаполис, Монголија, Габон, Елеутера и Бахамите. Списанието вели дека и покрај тоа што светот ја откри Хрватска, Црна Гора е сé уште во голема мера „доброчувана тајна“, што не беше секогаш случај. „Земјата некогаш ги привлекувала холивудските ѕвезди како Софија Лорен и Ричард Бартон на својот Јадрански брег во должина од 183 милји. Сепак, железната завеса и конфликтите по распадот на Југославија држеа многу посетители на растојание“, се вели во списанието.

Поврзани написи

Loading

Канадскиот тур-оператор „Батерфилд енд Робинсон“, кој ја опишува својата цел за создавање на единствени патувања за активните луѓе кои сакаат да го видат светот малку поразличен, неодамна ја додаде Црна Гора на патувањата со јахти од Атина за Дубровник, таканаречено „Патување низ три мориња“.

Винскиот регион на земјата привлекува големо внимание, со „каберне“ вината вклучени во винските листи на врвните ресторани. Локалните специјалитети како свежи школки, јастог на скара и органски зеленчук, исто така, привлекуваат внимание.

Сé поголемата меѓународна репутација на Црна Гора како популарна дестинација не претставува изненадување за оние во Министерството за туризам, кои сметаа дека ова претставува директен резултат на една сеопфатна промоција: нивното присуство на меѓународниот саем за туризам ТОП РЕСА во Довиј, Франција, во септември 2005 година, заедно со посетите на јапонските и француските новинари на Црна Гора и интензивните промотивни кампањи преку CNN и Euronews.

Министерството планира да ја продолжи својата кампања, која започна минатата година за позиционирањето на Црна Гора како туристичка дестинација, како и да го продолжи одржливниот развој. Промотивната кампања насловена како „Искусете ја дивата убавина“ започна минатиот јули и ќе трае до крајот на оваа година.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар