26/05/2006
Со приближувањето на Светскиот куп, расте возбудата помеѓу навивачите на хрватскиот тим и на тимот на Србија и Црна Гора.
Од Георги Митев-Шантек за Southeast European Times во Белград – 26/05/06
![]() Фудбалерите на националниот тим на Србија и Црна Гора го носат голот на првиот ден од тренингот во Белград, во неделата (21-ви мај). [Getty Images] |
На Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Германија од 9-ти јуни до 9-ти јули, националните тимови - Хрватска и Србија и Црна Гора - ќе ја претставуваат Југоисточна Европа. Хрватска се пласираше во групата Ф, заедно со Јапонија, Австралија и Бразил. Србија и Црна Гора влезе во групата Ц, заедно со Аргентина, Холандија и Брегот на слоновата коска.
И покрај тоа што референдумот на 21-ви мај й даде независност на Црна Гора од нејзиниот сосед Србија, тие остануваат обединети за првенството. „Прво, ќе ја поддржам Црна Гора како и секогаш“, рече црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, поранешен кошаркар и спортски обожавател. „Потоа, јас секогаш ги поддржувам и нашите соседи.“
Фубалерите од овој дел на Европа се соочуваат со тешка борба на нивниот пат помеѓу 32-та светски тима. Кога станува збор за фудбалот, сите балкански нации се слични - тие сакаат нивните фаворити да играат со импресивна вештина на „европски Бразилци“ и се признава успехот само со високи поени.
Тимовите од Хрватска и Србија и Црна Гора на првенството доаѓаат непобедени во квалификационите рунди. По добивањето на независноста во 1991 година Хрватска ќе земе учество во својот трет Светски куп по ред, а на листата на ФИФА е на 19-тото место.
Хрватскиот менаџер Златко Крањчар има млад тим, а неговиот син, Нико, е главниот играч. Нивните поддржувачи дома очекуваат тимот да го повтори успехот од Светскиот куп во Франција, каде што беа трети. И покрај тоа што Хрватите се во иста група со Бразил, големиот фаворит, се очекува да имаат напредок во вториот круг.
Како наследник на југословенскиот национален тим, ова е осмото појавување на Србија и Црна Гора на светското првенство. Најдобрите резултати тимот ги постигна во 1930 и 1962 година, кога Југославија стигна до полуфиналето. Помладите генерации не се сеќаваат толку одамна и се нестрпливи за нови победи, по многу години „суша“. Менаџерот Илија Петковиќ успеа да го оформи својот тим - кој претходно загуби од некои аутсајдери како Азербејџан - во тим кој дозволи само еден гол на своите последни десет квалификациски натпревари.
Фудбалските експерти велат дека Србија и Црна Гора е можно да биде изненадување на овој Светски куп, врз основа на извонредно дефанзивната игра на тимот, невообичаена за еден балкански тим. Британските новинари го нарекоа квартетот Младен Крстајиќ (Шалке), Немања Видиќ (Манчестер Јунајтед), Горан Гавранчиќ (Динамо Киев) и Ивица Драгутиновиќ (Севиља) „фантастичен квартет“ и врвна европска одбрана.
За жал, занесниот балкански стил на фудбал нема да биде демонстриран овој пат од тимовите од Словенија (едно учество), Бугарија (шест учества), Романија (седум учества) и пред сé Турција (три учества). Отсуството на последниов тим е можеби најголемото разочарување во квалификациите. На последниот Светски куп, Турција успеа да стигне до полуфиналето и беше поразена од, се чини, непобедливите Бразилци.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's