ММФ побара од Турција да ги намали расходите

23/05/2006

Турскиот финансиски пазари во понеделникот претрпеа удар кога ММФ побара од земјата да ги намали јавните расходи и да води попретпазлива монетарна политика.

(ФT - 23/05/06; Ројтерс, АФП, Reporter.gr, НТВ-МСНБЦ, Заман, ИМФ - 22/05/06)

photo

„Фискалната политика треба да биде позатегната во преостанатиот дел од годинава“, рече шефот на делегацијата на ММФ, Лоренцо Џорџани. [ММФ]

Турција мора да се држи до својата рамка на фискалната политика и да продолжи со попретпазлива монетарна политика, рече во понеделникот (22-ри мај) ММФ, по разговорите за третиот и четвртиот преглед на неговиот тригодишен аранжман со Анкара.

Фондот одобри стенд-бај аранжман во висина од 10 милијарди американски долари како поддршка на економската и финансиската програма на Турција во мај 2005 година, овозможувајќи й на земјата веднаш да повлече околу 837,5 милиони американски долари. Ако Турција ги спроведе мерките за кои се согласи во разговорите овој месец, извршното тело на оваа меѓународна фискална институција, најверојатно, во јули ќе ја одобрат новата транша од 1,9 милијарди американски долари.

„Истакнувајќи ја својата посветеност на фискалната дисциплина, властите ќе усвојат мерки со кои ќе се осигури дека агрегатните примарни трошоци во 2006 година нема да го надминат одобрениот буџет и ќе го одржат дефицитот во системот на социјалната безбедност во рамките на програмското ограничување од 4,5 отсто од БДП“, се вели во соопштението за печатот на ММФ од понеделникот.

„Овие мерки, заедно со потенцијалот за надперформанса на фискалните приходи, треба да даде примарен суфицит во 2006 година што ќе ја надмине владината цел од 6,5 отсто од БДП. Како понатамошна заштита за буџетот, владата објави дека нема да воведе понатамошно намалување или изземање од ДДВ“, се вели во соопштението.

Според Фондот, Турција треба да ги намали јавните расходи за околу 3 милијарди американски долари за да го избалансира веќе и онака проширениот дефицит на тековната сметка. „Фискалната политика треба да биде позатегната во преостанатиот дел од годината“, изјави за новинарите шефот на турската канцеларија на ММФ, Лоренцо Џорџани.

Истакнувајќи дека мерките за намалување на расходите веќе се разгледуваат, турскиот министер за економија, Али Бабаџан, рече дека дефицитот треба да изнесува 7 отсто од БДП, над претходните официјални проекции.

Повикот на ММФ за позатегната фискална политика уследи по еден поширок процес на повлекување од новите пазари и загриженоста на новите инвеститори за турските политички и економски изгледи, кои веќе ги погодија финансиските пазари во земјата. Инвеститорите, наводно, исто така, стравуваат од евентуално одложување на разговорите на Турција со ЕУ за пристапување поради кипарското прашање и сé поголемите сомневања помеѓу официјалните претставници во Брисел за посветеноста на земјата на реформите.

Турските пазари забележаа остар пад во понеделникот, кога истанбулскиот главен индекс на акциите падна за 8,3 отсто, што е најголем пад од март 2003 година. Националниот индекс на Истанбулската берза, ИМКБ100, на затворањето изнесуваше 36.351 поени, за разлика од 39.643,6 во четвртокот, објави АФП.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading