МСП ја разгледува тужбата за геноцид на БиХ против Србија и Црна Гора

11/05/2006

Меѓународниот суд на правдата во Хаг во вторникот го започна разгледувањето на случајот во кој Босна и Херцеговина ја тужи за геноцид Србија и Црна Гора.

Од Давор Коњикушиќ за Southeast European Times во Белград -- 11/05/06

photo

Судскиот процес за геноцид се одржа во Меѓународниот суд на правдата во Хаг. [Getty Images]

Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг моментно го разгледува, како што го нарекоа експертите на судот „најтешкиот случај досега“. Случајот на геноцид што Босна и Херцеговина (БиХ) го покрена против Србија и Црна Гора е прв во кој една цела земја е обвинета за геноцид.

Шеснаесет судии на МСП го започнаа разгледувањето на случајот во вторникот (9-ти мај). Тие мора најпрво да одлучат дали имаат надлежност да одлучуваат за случајот. Ако МСП одлучи да ја продолжи постапката, можно е да поминат месеци пред да се донесе пресудата.

БиХ бара компензација за загубените животи и имот за време на конфликтот во периодот 1992-1995 година, кога околу 200.000 луѓе беа убиени, а цели муслимански градови и села беа уништени. И покрај тоа што не се наведува точна цифра, Србија е можно да треба да плати милијарди долари, ако биде прогласена за виновна.

Адвокатите од Србија и Црна Гора тврдат дека обвинувањата се претерани. Тие, исто така, ја негираат надлежноста на судот, истакнувајќи дека ОН го суспендираше членството на тогашна Југославија пред да биде покренат случајот во 1993 година.

„Целата идеја на доведувањето во прашање на судската надлежност произлегува од фактот што во 2000 година ние станавме членка на ОН, а дури во 2001 година ја потпишавме Конвенцијата за геноцид. Импликациите се двократни: дека пред овој датум ние не бевме членка на ОН и дека не можеме да бидеме судени од овој суд, бидејќи само членките на ОН, со неколку исклучоци кои не можат да се применат тука, можат да се појават пред овој суд“, рече Владимир Ѓериќ, член на правниот тим на Србија и Црна Гора.

Еден од клучните аргументи на тимот на Србија и Црна Гора е одлуката на МСП во декември 2004 година да се отфрли тужбата што Србија и Црна Гора ја поднесе против НАТО. Судот истакна дека кога тужбата беше поднесена во 1999 година поранешна Југославија не беше членка на НАТО.

БиХ вели дека Србија тврди оти е вистинската законска земја-наследничка на раздвоената југословенска федерација и дека не може да избира кога сака да има легитимитет.

За време на изнесувањето на аргументите и побивањата во судскиот процес Србија не негираше дека БиХ беше жртва на злосторства, но рече дека нивната земја не беше одговорна за дејставата извршени пред демократската револуција во 2000 година.

Поврзани написи

Loading

„Ние никогаш не се обидовме да го одбраниме одвратниот режим на Слободан Милошевиќ, на што сите претставници пред вас за време на судската постапка се спротивставија“, им рече главниот српски претставник, Радослав Стојановиќ, на судиите.

Сепак, БиХ останува на ставот дека убивањето, тероризирањето и протерувањето на муслиманите беше планирано, организирано и финансирано во Белград и дека беше утврден модел на однесување што беше еднаков на геноцид.

„Тоа е акумулација на единствени злосторства -- ужасно повторување на зли дејства -- кои на крајот јасно резултираа со огромно кривично дело на геноцид“, рече американскиот адвокат Томас Франк, кој беше советник за БиХ.

Хрватска, исто така, поднесе тужба за геноцид против Србија и Црна Гора, која сé уште не е разгледана.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар