Македонската армија ја укина воената обврска

21/04/2006

Армијата на Република Македонија ќе се професионализира почнувајќи од октомври оваа година, кога и последната класа воени регрути ќе го завршат отслужувањето на задолжителниот воен рок. Со ова, Македонија ќе стане прва земја од Западен Балкан што става крај на воената обврска.

Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје -- 21/04/06

photo

Македонската армија ќе биде прва во регионот што целосно ќе биде составена од професионални војници. [Getty Images]

Армијата на Република Македонија (АРМ) ќе стане првата армија во Западен Балкан што ја укинува воената обврска и целосно ќе се состои од професионални војници и доброволци, според новиот план објавен претходно овој месец. Задолжителниот воениот рок постепено се укинува и априлската класа воени регрути која веќе го отслужува воениот рок ќе биде последна. Тие завршуваат со воената обврска во октомври.

Овие измени се дел од целокупната реформска стратегија во одбраната, со цел создавање на мала, флексибилна и доброопремена армија, која може да се соочи со новите асиметрични безбедносни закани и да учествува во меѓународните мировни мисии.

„За АРМ и Министерството за одбрана, ова значи напуштање на непрофесионалниот модел и воведување на модел по НАТО стандарди“, изјави министерот за одбрана, Јован Манасиевски, за новинарите. Тој рече дека чекорите се преземаат однапред и дека истите се резултат на напредокот во одбранбените реформи.

Поврзани написи

Loading

Класата доброволни војници ќе го надополнуваат професионалниот армиски персонал. Доброволците ќе имаат тримесечна обука и на најдобрите ќе им се дозволи да бидат професионални војници. Доброволната класа ќе биде отворена за сите мажи и жени помлади од 26 години.

„Претходно, околу 13.000 млади лица имаа обврска да отслужат воен рок“, рече Манасиевски. „Со новиот модел се ослободуваат дополнителни средства што ќе бидат добредојдени за професионална војска и намалување на армијата. Истовремено, младите луѓе се ослободуваат од една сериозна обврска.“

Министерството, исто така, ја укинува и можноста за цивилно отслужување на воениот рок, како алтернатива за воената обврска. Според Манасиевски, ова не даде никакви резултати, а ги зголеми трошоците.

За укинувањето на задолжителната воена обврска беше разговарано на состанокот на државниот Совет за безбедност пред една година.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар