18/04/2006
Времето на чекање на фрекфентниот македонски граничен премин Табановце треба значително да се намали како резултат на проектот за реновирање, финансиран од владата и Светската банка.
Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје - 18/04/06
![]() Реновираниот граничен премин Табановце беше отворен на 12-ти април. [Томислав Георгиев] |
Новоизградениот граничен премин кај Табановце, кој ја поврзува Македонија со соседна Србија, беше отворен на 12-ти април во рамките на Регионалната програма за олеснување на трговијата и транспортот во Југоисточна Европа (ТТФСЕ). Владата и Светската банка го финансираа проектот.
Табановце е еден од најфрекфентните гранични премини, низ кој поминуваат и по 700.000 возила и 2,5 до 2,8 милиони патници годишно. Реновираниот премин, кој има шест излезни ленти од Македонија и осум влезни ленти за Македонија, би требало да помогне во подобрувањето на ефикасноста. Изградени се нова полициска и царинска зграда, како и помошни објекти - како што се потстаници и агрегати на дизел.
„Транспортните трошоци во Македонија се повисоки од оние во другите земји за 10 до 20 отсто, поради тоа што земјата е опколена со копно“, рече Сандра Блуменкамп, претставничка на Светската банка за Македонија, на церемонијата на отворање на 12-ти април. „Ова се одразува на транспортерите. Затоа, земјата треба да стори сé што е во нејзина моќ за да ги намали овие трошоци. Модернизацијата на граничниот премин е само еден сегмент“. Таквите напори, рече Блуменкамп, ќе ги привлечат и инвеститорите.
„Проектот за олеснување на транспортот кој ги обединува земјите во Југоисточна Европа, има за цел да ја олесни трговијата и да осигури брз проток на стока и патници и да ја спречи корупцијата“, рече министерот за финансии, Никола Поповски. Што се однесува до новиот граничен премин, тој рече дека „Измените осигуруваат поповолна клима за инвестициите во целиот регион и отворена и конкурентна економија. Овој премин е дел од Коридорот 10 и е многу важен во меѓународната трговија.“
Програмата ТТФСЕ има за цел намалување на бесцаринските трошоци за трговијата и транспортот, како и спречување на шверцот и корупцијата. Истата има за цел и промовирање на полесен и поевтин трговски протек низ границите во Југоисточна Европа, како и доближување на царинските процедури до стандардите на ЕУ. Програмата, исто така, ги вклучува и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Молдавија, Романија и Србија и Црна Гора. ТТФСЕ претставува здружен напор на владите од овие земји и Иницијативата за соработка во Југоисточна Европа (СЕЦИ), Светската банка, ЕУ и САД.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's