Црна Гора се подготвува за референдумот во мај

31/03/2006

Црногорскиот референдум за независност ќе се одржи според строги критериуми за да се осигури дека резултатите се убедливи и да спречи каква било евентуална нестабилност.

Од Антонела Архин за Southeast European Times – 31/03/06

photo

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ се спротивстави на предлогот на ЕУ, нарекувајќи го „недемократски“. [Getty Images]

Со доближувањето на Црна Гора до референдумот што ќе определи дали таа ќе стане независна или ќе остане дел од државната заедница со Србија, почнуваат да се вртат најразлични сомнежи околу неговиот исход. И покрај тоа што анкетите покажуваат дека бројот на оние кои ја поддржуваат независноста е поголем од бројот на нејзините противници, останува да се види дали гласовите „за“ ќе го исполнат потребниот праг.

Референдумот, кој ќе се одржи на 21-ви мај, ќе им го постави на гласачите единственото прашање: „Дали сакате Црна Гора да биде независна држава со целосна меѓународна признаеност?“. За успех на референдумот бројот на гласовите „за“ мора да биде поголем од 55 отсто, а одѕивот мора да биде поголем од 50 отсто од регистрираните гласачи во Црна Гора.

Условите на референдумот, усвоени од страна на парламентот на 1-ви март, беа договорени во преговорите со ЕУ, која сака да осигури дека резултатите ќе бидат убедливи и дека ќе спречат каква било потенцијална нестабилност. Условите за независност се значително построги од оние што првично ги побара црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, кој е за независност.

Ѓукановиќ остро ја критикуваше формулата на ЕУ како „недемократска“ и рече дека гласовите „за“ од 25 отсто и 40 отсто излесност треба да бидат доволни за прогласување на референдумот за успешен. Црна Гора има 466,079 гласачи со право на глас од вкупното население од 600.000.

Но, не прифаќање на предлогот на ЕУ ќе отвореше врата за отфрлање од страна на Брисел на исходот на референдумот и контроверзност во врска со неговиот легитимитет.

Во неодамнашниот извештај наTранзишнс онлајн се заклучува дека и покрај тоа што мнозинството Црногорци се за одвојување од државната заедница, владата се соочува со тешка битка.

„Дури и без формулата на ЕУ, за независност ќе треба повеќе гласови одошто каузата, и партиите посветени на неа, досега освоиле (поточно, уште околу 38.000). Покрај обезбедувањето на јасно мнозинство во корист на независноста, владата ќе треба да убеди доволно гласачи да излезат на гласање. ЕУ јасно стави до знаење дека каков било исход во услови на бојкот од страна на опозицијата нема да биде валиден“, се вели во извештајот.

Поврзани написи

Loading

Според јануарската анкета, 41,4 отсто од Црногорците ја поддржуваат независноста, додека 32,3 отсто се противат, а 25 отсто се неопределени.

Соседните земји рекоа дека ќе го почитуваат кој било исход што ќе биде демократски и фер, а некои веќе навестија дека ќе ја поддржат независна Црна Гора.

Во своето обраќање на форумот во Кран Монтана во февруари босанскиот премиер Аднан Терзиќ рече дека целосно ќе ја поддржува државноста на Црна Гора, ако тоа значи побрз пат до регионална стабилност.

Македонскиот премиер Владо Бучковски, во меѓувреме, рече дека Македонија ќе ја поддржи секоја одлука на граѓаните на Црна Гора, сé додека истата биде постигната на демократски начин и има стабилизирачки ефект врз регионот во целина. Целиот Западен Балкан, вклучително и Црна Гора, се наоѓа во историски пресуден момент во поглед на својата европска перспектива, додаде тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар