28/03/2006
Изгледите за поголема соработка беа главната цел на неодамнешната посета на делегацијата на израелското Министерство за надворешни работи, предводено од заменик-директорот на министерството, амбасадорот Марк Софер.
Од Ерлис Селимај за Southeast European Times во Тирана – 28/03/06
![]() „Се надеваме на зајакнување на односите во областа на маркетингот, здравството и земјоделството. Овие полиња се идентификувани како интересни сфери за двете земји“, рече израелскиот дипломат Марк Софер. [Архива] |
Албанија и Израел се залагаат за зајакнување на нивните политички и економски врски, при што израелските претпријатија ги разгледуваат можностите за инвесирање во голем број области, меѓу кои и телекомуникациите, здравството, енергијата и високата технологија. Изгледите за поголема соработка беа истакнати за време на посетата претходно овој месец на делегација на израелското Министерство за надворешни работи, предводено од заменик-директорот на министерството, амбасадорот Марк Софер.
„Израел и Албанија имаа добри односи во овие 15 години и ние во Тирана потпишавме договор за економска и политичка соработка помеѓу двете земји. Со албанските претставници разговаравме и за ситуацијата на Средниот Исток и на Балканот, клучни прашања за двете земји“, изјави Софер за албанските медиуми.
За време на посетата на Тирана делегацијата се состана со албанскиот заменик-министер за надворешни работи, Едит Харџи.
Според Софер, неколку израелски претпријатија веќе работат во Албанија, главно во земјоделскиот сектор.
„Се надеваме на зајакнување на врските во маркетингот, здравството и земјоделството“, рече Софер. „Овие полиња се идентификувани како интересни сфери за двете земји“, додаде тој, споменувајќи ги и проектите за компјутеризација на училиштата, како и подобрување на инфраструктурата и телекомуникациите.
Делегацијата го пренесе интересот на израелските претпријатија во енергетскиот сектор, туризмот, агро-индустријата и други области. Истата вети и помош во изградбата на археолошко-културниот парк во Саранда.
Покрај тоа, двете страни разговараа за зајакнувањето на политичкиот дијалог и организирањето на регуларни годишни консултации.
За време на неговата посета Софер говореше за историските врски со Албанија.
„Не само во Израел, туку и низ целиот свет, Евреите й се воодушевуваат на Албанија. Не само за периодот на Втората светска војна, кога Албанија ги спаси Евреите, туку и поради тоа што земјата е добро позната по својата почит кон нас. Можам да кажам дека Албанија никогаш немала антисемитизам“, рече тој.
Албанија моментно има дипломатско претставништво во Тел Авив, додека Израел навести дека планира да отвори амбасада во Тирана во блиска иднина.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's