Австриско претпријатие стана нов мнозински сопственик на македонската ЕСМ Дистрибуција

27/03/2006

ЕВН АГ победи на тендерот за мнозински сопственик на ЕСМ Дистрибуција, нудејќи 225 милиони евра и преземајќи обврска за инвестирање на дополнителни 96 милиони евра во текот на следните три години.

Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје -- 27/03/06

photo

Членот на одборот на директори на ЕВН Питер Леер (лево) одговара на новинарски прашања на прес-конференцијата со македонскиот министер за економија, Фатмир Бесими. [Getty Images]

ЕВН АГ е новиот мнозински сопственик на ЕСМ Дистрибуција, кој победи на тендерот што беше распишан на 9-ти декември. Австриското претпријатие понуди 225 милиони евра за мнозинските акции и презеде обврска за инвестирање на дополнителни 96 милиони евра во текот на следните три години.

Според тендерската комисија, ЕВН добила 256,24 поени за својата понуда. Второпласираниот понудувач, чешкото претпријатие ЧЕЗ, добило 201,16 поени, по што следи италијанското претпријатие ЕНЕЛ со 64,98 поени.

„Во име на граѓаните му посакувам добредојде на ЕВН и му посакувам успешна соработка“, рече министерот за економија, Фатмир Бесими. „Очекувам развој на енергетскиот сектор во интерес на граѓаните.“

Според Питер Леер, член на одборот на директори на ЕВН, продажбата го симболизира напредокот на Македонија кон интеграцијата во ЕУ. „Не е важна само големината на инвестицијата, туку и отворањето на големиот потенцијал за другите услужни дејности и подобрувањето на снабдувањето со електрична енергија“, рече тој.

Македонсиот премиер Владо Бучковски рече дека компаративната анализа покажала оти ова е најголемата цена постигната досега за едно претпријатие за електрична енергија во регионот. „Ова е потврда за добрата бизнис клима во Македонија“, рече тој.

Според Бучковски, македонскиот парламент ќе одлучи како ќе ги распредели средствата од продажбата за трошење. „Има неколку проекти за развој, но кој ќе биде одобрен ќе одлучи следниот парламент“, рече тој.

Поврзани написи

Loading

Според соопштението за печатот на ЕВН постојат неколку причини за интересот на претпријатието за Македонија. Една е тоа што Македонија има приближно иста големина како Австрија. Втората е кандидатскиот статус на оваа балканска земја за членство во ЕУ.

Во Македонија постои голем потенцијал за инвестиции во енергетскиот сектор, како и за инвестиции во гасот, водните и термалните енегетски ресурси, се додава во соопштението за печатот.

Групата ЕВН обезбедува електрична енергија, природен гас и вода за повеќе од еден милион корисници во Австрија и Бугарија. Истата има мнозински акции во бугарските претпријатие за електродистрибуција во Пловдив и Стара Загора. Претпријатието ја заврши минатата година со приходи пред оданочување од 335 милиони евра.

Расчленето по години, ЕВН треба да инвестира 35,5 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција во текот на првата година, 31,5 милиони евра во втората година и 29 милиони евра во третата година.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар