Патувањето без визи сé уште сон за граѓаните на Србија и Црна Гора

22/03/2006

И покрај напредокот на патот кон членството во ЕУ, сé уште не се знае кога Србија и Црна Гора би можела да добие безвизно патување во шенген земјите.

Од Јелена Тусуп за Southeast European Times во Белград – 22/03/06

photo

На граѓаните на Србија и Црна Гора им требаат визи за патување во поголем број земји во светот. [AФП]

И покрај тоа што Србија и Црна Гора започна разговори со ЕУ за Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) сé уште не се знае кога граѓаните во земјата би можеле да добијат право да патуваат во шенген земјите без виза. Политичарите велат дека прават сé што можат, но малкумина сакаат да шпекулираат за евентуални рокови.

Милан Париводиќ, српскиот министер за надворешни економски односи, се надева дека ова би можело да се случи во 2007 година. Министерот за надворешни работи, Горан Свилановиќ, пак, е помалку оптимист. „Мислам дека на Србија и Црна Гора ќе й се укине визниот режим преку чинот на потпишување на ДСА со ЕУ. Ова нема да се случи наскоро“, рече тој.

Постојат пет групи услови што Србија и Црна Гора мора да ги исполни за да аплицира за „белата шенген“ листа: ефикасна гранична контрола, стабилна политичка и економска ситуација, соработка со ЕУ, добри односи со соседните земји, како и укинување на визниот режим за земјите на ЕУ. Последниот услов е единствениот што Србија и Црна Гора целосно го исполни, укинувајќи ги визите за 40 земји, меѓу кои и САД.

Во другите области, двете конститутивни републики постигнаа различни нивоа на напредок. На пример, полицијата во Црна Гора ја презеде граничната контрола од армијата, додека во Србија процесот е едвај на почеток.

Поврзани написи

Loading

Бидејќи „двонасочниот“ пристап на ЕУ не важи за граничните и визните прашања, подобрата комуникација и соработка помеѓу републиките е од суштинска важност, вели Влада Љубојевиќ, од Министерството за надворешни работи. Но, ваквата соработка се покажа неостварлива. Сојузниот парламент треба да усвои соодветни закони, но ова тело едвај одржува седници, а и ако го прави тоа, работи многу бавно и под политичко влијание.

Сега засега граѓаните на Србија и Црна Гора можат да влезат во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија без визи. Надвор од регионот листата на земји каде што не им се потребни визи не е долга -- таа ги вклучува Куба, Русија, Тунис и уште неколку други.

Некои велат дека најголемиот проблем, кога станува збор за визите, е големиот број граѓани на Србија и Црна Гора -- меѓу кои и голем број од Косово -- кои се во ЕУ нелегално или бараат азил. Според Бернард Хауер од Германската амбасада во Белград, само во Германија има околу 100.000 луѓе од Србија и Црна Гора кои немаат дозвола за престој, и секој од нив ја чини Германија околу 600 евра месечно.

Шеесетиосум отсто од српските студенти, пак, никогаш не биле надвор од Србија. Тоа би можело да се смени следната година, бидејќи Комисијата за Балканот предложи Брисел да го примени визниот режим СМАРТ, кој би овозможил полесно патување за некои групи граѓани. Студентите, уметниците, спортистите и членовите на бизнис заедницата од Србија и Црна Гора, ако програмата биде воведена, ќе добиваат шенген визи полесно и побрзо.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар