21/03/2006
Хрватскиот план за модернизација на нејзината рибарска флота беше пречекан со неодобрување од страна на официјалните претставници на ЕУ, кои велат дека истиот е спротивен на правилата на риболовот во Јадранското Море.
Од Кристина Чук за Southeast European Times во Загреб -- 21/03/06
![]() Владата сака да додаде 26 рибарски бротчиња во хрватската флота. [Getty Images] |
Хрватската влада планира да изгради 26 рибарски бротчиња кои ќе й помогнат на рибарска индустрија, оптоварена со проблеми. Сепак, оваа идеја наиде на неодобрување кај официјалните претставници на ЕУ, кои велат дека тоа е обид за натпревар со соседна Италија, која моментно има скоро монопол над рибарењето во Јадранското Море.
Со својата голема флота Италија сега фаќа околу 90 отсто од рибите во областа, додека Хрватска фаќа околу 7 отсто.
Заедничката рибарска политика го спречува зголемувањето на хрватската флота. Парите од буџетот на ЕУ за рибарската индустрија ќе се користат единствено за образование и модернизација -- или за претворање на рибарските чамци во бротчиња за туризам.
Но, Загреб тврди дека градењето на нови бродови значи реконструкција и модернизација на нејзината стара флота, а не дополнување само по себе. Покрај тоа, хрватските власти велат дека бродовите ќе се користат за рибарење на мали риби, кои не се загрозени во Јадранското Море, и со тоа проектот не се коси со критериумите за животната средина на ЕУ.
Зајакнувањето на хрватското рибарство е дел од целта на администрацијата на Санадер за зајакнување на поморската компонента на економијата на земјата. Истовремено, владата вети дека ќе ги следи принципите на ЕУ. Откако ќе стане членка на ЕУ, хрватските рибари ќе мора да ги почитуваат регулативите од Брисел, кои го дефинираат видот и квантитетот на рибата што може да ја фаќаат.
Главната идеја на политиката на ЕУ е заштита на рибарската индустрија од намалување, особено во Северното Море. Околу 270.000 семејства на територијата на ЕУ живеат од рибарењето и намалувањето на рибата претставува закана за нивното живеење, како и загрозување на биодиверзитетот.
Сепак, оваа политика постојано е цел на напад од страна на еколозите и другите опоненти -- кои велат дека истата и понатаму поставува неодржливи квоти и ја користат некои земји за заштита на нивните интереси на сметка на другите.
Противење на политиката на ЕУ изрази и Хрватска, при што некои велат дека истата го става рибарскиот сектор во земјата во лоша позиција. Сепак, работната група задолжена за проучување на проблемот заклучи дека земјата би можела да ја модернизира својата флота до нејзиниот влез во блокот.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's