ЕУ ја потврди европската иднина на земјите од Западен Балкан

13/03/2006

Уверувајќи ги земјите од Западен Балкан во нивната европска перспектива, министрите за надворешни работи на ЕУ во саботата ги повикаа да продолжат со реформите чија цел е исполнување на критериумите на Унијата за членство.

(Irish Examiner - 13/03/06; ФТ, АФП, ФЕНА - 12/03/06; Австриско претседателство на ЕУ, АФП, ББС, ДПА, ЕУобсервер, ХИНА, Софиска новинска агенција, Б92, ДВ - 11/03/06)

photo

Босанскиот министер за надворешни работи, Младен Иваниќ, пристигна на вториот ден од неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Салцбург.

Министрите за надворешни работи на ЕУ во саботата (11-ти март) ги уверија земјите од Западен Балкан во нивните изгледи за пристапување во Унијата, истакнувајќи ја истовремено потребата од понатамошни напори.

„ЕУ потврдува дека иднината на Западен Балкан лежи во ЕУ“, се вели во изјавата усвоена на крајот од дводневниот неформален состанок во Салцбург, со кој претседаваше австриската министерка за надворешни работи, Урсула Пласник. Австрија моментно претседава со ЕУ.

„Обединувањето на Европа е некомплетно без Балканот“, рече Пласник на прес-конференцијата. „Земјите во регионот се потенцијални кандидати за пристапуавање. Тие имаат јасна европска перспектива.“

На состанокот во Салцбург присуствуваа и министрите за надворешни работи на Бугарија и Романија, кои треба да пристапат во Унијата на 1-ви јануари 2007 година, како и на земјите-кандидатки за ЕУ, Хрватска, Македонија и Турција, и на Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ) и Србија и Црна Гора. Помеѓу другите учесници во разговорите беа и шефот за надворешна политика на ЕУ, Хавиер Солана, и комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен.

Истакнувајќи дека расправата во врска со стратегијата за проширување на блокот од 25 нации е закажана за 2006 година, министрите за надворешни работи, истакнаа и дека „апсорпциониот капацитет на ЕУ треба да се земе предвид“ во какво било идно проширување.

„Учесниците се согласија дека напредокот на секоја земја кон ЕУ и понатаму зависи од поединечните заслуги во исполнувањето на условите и барањата определени со копенхашките критериуми и Процесот за стабилизација и асоцијација, вклучувајќи ја и целосната соработка со Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија“, се вели во соопштението.

Изразувајќи пофалби до земјите од Западен Балкан во врска со нивниот напредок во стабилноста, демократија и економското заживување, во изјавата се истакнуваат значајните чекори што сите ги направија на нивниот пат кон интеграцијата во ЕУ во текот на изминатата година.

Во текот на последните неколку месеци беа започнати разговорите за членство во ЕУ со Хрватска и Македонија доби официјален статус на кандидат за членство во ЕУ. Србија и Црна Гора и БиХ ги започнаа разговорите за Договорот за стабилизација и асоцијација со Унијата, додека Албанија ги заврши своите разговори претходно оваа година.

Поврзани написи

Loading

Земјите од Западен Балкан „сега мора сé повеќе да се фокусираат на усвојувањето и спроведувањето на европските стандарди и на зајакнувањето на условите за одржлива стабилност и благосостојба во целиот регион“, се вели во изјавата.

Изразувајќи ја целосната поддршка на учесниците за напорите на специјалниот претставник на ОН Марти Ахтисари, во изјавата се бара страните вклучени во разговорите за иднината на Косово да побараат взамено прифатливо решение преку преговори. Во неа, исто така, се истакнува важноста на континуираното спроведување на стандардите што меѓународната заедница ги определи за Косово.

Поздравувајќи ја неодамна објавената стратегија на Европската комисија за Западен Балкан, министрите ја искажаа намерата на блокот да продолжи со нејзиното спроведување.

„ЕУ ќе продолжи да им помага на земјите од Западен Балкан преку практични мерки, со цел европската перспектива да стане пореална“, се вели во изјавата.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар