10/01/2006
Хрватска ја започна 2006 година со голем спортски настан -- скијачкиот куп за жени на планината Сљеме. Илјадници верни обожаватели дојдоа да ја бодрат Јаница Костелиќ, која им приреди настан каков што не виделе со години -- завршувајќи на третото место и покрај тоа што го загуби стапот за скијање.
Од Кристина Цук за Southeast European Times во Загреб -- 10/01/06
![]() Марлис Шајлд од Австрија (во средината) ја прославува својата победа на женскиот слалом на 5-ти јануари, ведаш до второпласираната Катрин Зетел од Австрија (лево) и Јаница Костелиќ од Хрватска. [AФП] |
Втора година по ред Загреб е домаќин на Светскит куп во скијање за жени. Настанот, што се одржа на 5-ти јануари на планината Сљеме, привлече големи имиња од женското скијање -- Марлис Шајлд, Катрин Зетел, Ања Парсон, Кристина Козник, Реси Стиглер, Тања Поутајнен -- кои се натпреваруваа за кристалната круна и титулата Светски скијачки куп „Снежна кралица“.
На врвот на листата беше Хрватката Јаница Костелиќ, кој се надеваше на победа оваа година, по разочарувачки настап во 2004 година, кога падна и не ја заврши трката. Сљеме е особено значајно за Костелиќ -- која го прослави својот 24-ти роденден на денот на слаломот -- бидејќи тоа е планината на која таа научи да скија.
Првата слаломска трка започна во 15 часот и 15 минути. Костелиќ, можеби загрижена да не се повтори нејзиниот пад од 2004 година, скијаше повнимателно и побавно од вообичаеното и заврши седма. Три часа подоцна таа ја започна својата втора трка бодрена од повеќе од 20.000 свои навивачи -- при што се соочи со катастрофа уште на самата влезна порта каде што го загуби својот стап за скијање и ракавицата. Нејзината желба за освојување медал очигледно беше осудена на пропаст. Но, на изненадување на обожавателите, Костелиќ продолжи со трката, влечејќи ја својата гола рака низ снегот при совладувањето на кривините. На крајот таа ја заврши трката и го освои третото место. Атмосферата во Сљеме беше воорушевувачка, обожавателите пееја, викаа и палеа бенгалски огнови.
Трикратната олимписка победничка останува на врвот на слаломската ранг-листа со 280 поени, како и на целокупната листа на Светскиот куп, со 652 поени.
„Навистина е глупаво она што ми се случи“, изјави Костелиќ за хрватската телевизија ХРТ подоцна. „Помислив да се откажам од трката по првиот дел, но морав да завршам поради луѓето кои го организираа настанот и моите навивачи кои дојдоа да ме бодрат.“
„Сљеме е нешто посебно“, додаде таа.
Пред Костелиќ се пласираа две Австријки: победничката Марлис Шајлд и второпласираната Катрин Зетел. Заедно со кристалната круна победничката добива 60.000 евра, втората награда е 30.000 евра, а третата 15.000 евра. Ова беше голем медиумски настан за Хрватска, кој го покриваа пет странски телевизиски мрежи -- од Австрија, Германија, Словенија и Шведска, како и каналот Евроспорт. Илјадници лица работеа на подготовките на настанот, кој се смета за најскапата слаломска трка во светот.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's