Косово ќе спроведе попис во 2006 година

30/12/2005

Властите во Косово ја завршија првата фаза од тестирањето за пописот на населението следната година, прв во покраината по распадот на Југославија.

Од Ерлис Селимај за Southeast European Times во Тирана – 30/12/05

photo

Пописот ќе се одржи во 2006 година за да генерира информации за населението на Косово. [AФП]

Косово се подготвува да одржи попис на населението во 2006 година. Во средината на ноември локалните власти го објавија завршувањето на првата пробна фаза, која се одржа во шест општини.

Официјалните претставници од Министерството за јавните служби рекоа дека оваа фаза -- спроведена во Приштина, Призрен, Ѓилан, Качаник, Скендерај и Ново Брдо -- била „успешна“ и навестил дека проектот ќе биде добар во целина.

Пилот-проектот, кој траеше повеќе од две недели, имаше за цел собирање на информации за бројот на жителите и нивната територијална распределба.

„Главната цел беше да се проверат инструментите за собирање на податоци и нивното функционирање и да се откријат евентуалните недостатоци во процедурата кои треба да се елиминираат пред почетокот на генералниот попис“, рече министерот за јавните служби, Мелихате Термколи.

Податоците за населението ќе бидат помеѓу факторите што ќе влијаат на процесот на одредување на идниот статус на Косово, додаде Термколи.

Поврзани написи

Loading

И покрај тоа што формално е дел од Србија и Црна Гора, Косово е де факто протекторат на ОН од крајот на конфликтот таму во периодот 1998-1999 година. Мнозинството етнички Албанци се залага за целосна независност од Србија, додека Белград бара враќање на одреден вид суверенитет.

Последниот попис во Косово бил спроведен во 1981 година и бил организиран од страна на поранешните југословенски власти.

Во тоа време Косово броело вкупно скоро два милиони жители. Но, целокупната бројка, како и демографската поделба, се смета дека значително се променети како резултат на конфликтот и раселувањето од истиот.

Косовското собрание за првпат го одобри регистрирањето на населението во 2003 година, но неговото усвојување беше одложено поради противењето од страна на српските претставници во парламентот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар