Хрватскиот суд осуди поранешен припадник на паравоена единица за убиствата во Сребреница

30/12/2005

Еден хрватски Србин во четвртокот беше осуден на 15 години затвор поради учеството во убиствата на шестмина невооружени босански муслимани во близина на Сребреница и мачење на хрватски затвореници во 1991 година.

(Radio Netherlands - 30/12/05; AП, Ројтерс, АФП, ББС, РФЕ/РЛ, ХИНА - 29/12/05; БETA - 20/12/05; Ројтерс, Њујорк тајмс - 13/06/05)

photo

Слободан Давидовиќ (во средината), поранешен припадник на паравоената едница „Скорпиони“, „активно учествувал во нечовечкиот третман, понижувањето и ликвидирањето“ на шестмина млади муслимански мажи од Сребреница во 1995 година, рече при изрекувањето на пресудата судијата на Загребскиот жупански суд Мирослав Совањ. [AФП]

Загрепскиот жупански суд во четвртокот (29-ти декември) осуди еден етнички Србин на 15 години затвор за неговата вмешаност во воените злосторства за време на балканскиот конфликт на почетокот на 1990-тите.

Педесеидвегодишниот Слободан Давидовиќ беше уапсен во јуни, неколку дена откако телевизиските канали низ цела поранешна Југославија ја емитуваа видео-снимката со припадниците на српската паравоена полициска единица, наречена „Скорпиони“, како ладнокрвно убиваат шест млади, невооружени босански муслимани од Сребреница.

Со рацете врзани зад грб, заробениците -- од кои двајца малолетни -- беа извадени од камион во селото Годинска бара во близина на Трново во источна Босна и Херцеговина (БиХ). Четворица беа убиени од зад грб, додека на другите двајца им беше наредено да ги однесат телата во една штала, за потоа и тие да бидат убиени.

Шокантната видео-снимка, која најпрво беше прикажана на судскиот процес за воени злосторства против поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ на почетокот од јуни, доведе до апсење во Србија на петмина други поранешни припадници на паравоената единица, меѓу кои и нејзиниот командант, Слободан Медиќ. Српските власти сакаа да го судат Давидовиќ заедно со другите осомничени, но како хрватски државјанин тој не можеше да биде екстрадиран. Затоа, Загрепскиот жупански суд го презеде неговиот случај.

На почетокот на судскиот процес на крајот на октомври Давидовиќ -- поранешен келнер и градежен работник со скратено работно време од малото источнохрватско село Сидски Бановци, јужно од Вуковар -- се изјасни за невин.

Судијата кој претседаваше со процесот, Мирослав Совањ, во четвртокот рече дека снимката е јасен доказ за учеството на Давидовиќ.

„Сведочењата и видео-снимката со убиствата, на која Давидовиќ е препознат, јасно покажува дека тој и останатите учествувале во убиствата на муслиманите“, рече судијата. Поранешниот припадник на паравоената единица, истакна тој, не покажал каење, ниту, пак, какво било сочувство за жртвите и „активно учествувал во целата операција“ од моментот кога Медиќ ги наредил убиствата.

Поврзани написи

Loading

Објаснувајќи ја пресудата на судот, Совањ, исто така, рече дека нема факти кои би можеле да послужат како олеснувачки околности, со оглед на тоа што Давидовиќ бил зрела личност во тоа време. Покрај тоа, по крајот на конфликтот во Хрватска во периодот 1991-1995 година и неговата служба во „Скорпионите“, тој се вратил дома како ништо да не се случило.

Десетици хрватски Срби им се приклучија на „Скорпионите“ во 1991 година, кога борбите во поранешната југословенска република беа во целосен замав. Единицата на крајот продолжи со борбите во БиХ и учествуваше во фаќањата и последователните убиства на околу 8.000 мажи и момчиња од босанските муслимани во јули 1995 година во Сребреница.

Петнаесетгодишната затворска казна што Давидовиќ ја доби вклучува и деветгодишна затворска казна за мачењето на војниците на хрватската армија во импровизиран затвор во октомври 1991 година.

Според хрватската новинска агенција ХИНА, Давидовиќ планира да поднесе жалба на пресудата и ќе остане во притвор додека неговата пресуда не биде конечна.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар