13/12/2005
Белградскиот суд за воени злосторства ја донесе својата прва пресуда. Четиринаесет лица беа прогласени за виновни и им беше изречена затворска казна за нивните улоги во масакрот во Овчара во 1991 година.
Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград – 13/12/05
![]() Вуковарската пресуда е прва од формирањето на Белградскиот окружен суд за воени злосторства во 2003 година. [AФП] |
Белградскиот окружен суд за воени злосторства ја донесе својата прва пресуда од своето формирање во 2003 година. Во понеделникот (12-ти декември) судот осуди 14 лица за воени злосторства против Хрватите во 1991 година на вкупно 231 година затвор.
Осум обвинети беа осудени на 20 години затвор, додека тројца добија по 15 години затвор. На осомничените им се судеше за убивањата на хрватските затвореници, кои беа однесени на фармата во Овчара надвор од Вуковар и беа застрелани по падот на градот во рацете на српските сили.
Еден од обвинетите доби казна од 12 години, а еден доби пет. Единствената жена помеѓу нив, Нада Калабала, беше осудена на девет години затвор. Судската комисија, предводена од судијата Веско Крстајиќ, ослободи двајца обвинети -- Марко Љубоја и Слободан Катиќ.
Сите обвинети беа припадници на српските армиски единици во Хрватска во времето кога беа извршени злосторствата. Силите беа под команда на поранешната Југословенска народна армија, која примаше наредби од Белград.
Помеѓу 3.000 и 5.000 лица, претежно цивили, се смета дека загинаа за време на 86-дневните борби во Вуковар. Убиствата на воените затвореници беа извршени на крајот од ноември 1991 година. Хашкиот трибунал го обвини поранешниот градоначалник на Вуковар, Славко Докмановиќ, тројцата поранешни офицери на Југословенската народна армија -- Миле Мркшиќ, Веселин Шљиванчанин и Мирослав Радиќ -- и поранешниот шеф на регионалната влада, Горан Хаџиќ, за воените злосторства извршени за време на борбите.
Судскиот процес за Овчара започна на 9-ти март 2004 година. Пресудата главно се засноваше на изјавите на двајца сведоци-соработници, чиј идентитет не беше откриен за време на судскиот процес.
„Секој ќе се посомнева во изјавите на луѓе кои и самите извршиле злосторства“, рече судијата Веско Крстајиќ, додавајќи дека овие лица се покажале како „неопходен инструмент за решавање на вакви тешки кривични тела“.
Командантот на Вуковарската територијална одбрана, Мирољуб Вујовиќ, и неговиот заменик, Станко Вујановиќ, добија максимални казни за организирањето на убиствата.
Портпаролот на обвинителството за воени злосторства, Бруно Векариќ, за белградските медиуми изјави дека правдата е задоволена. „Целиот судски процес беше спроведен во согласност со светските стандарди, што покажува дека српското судство е способно да се справи со високоризични случаи како што е овој“, рече Векариќ.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's