28/11/2005
Премиерите на Шпанија и Турција во неделата го имаа првиот состанок на иницијативата Сојуз на цивилизациите, чија цел е зајакнување на почитта и дијалогот помеѓу исламските и западните општества.
(ББС Мониторинг - 28/11/05; AП, Ројтерс, АФП, Тркиш прес - 27/11/05; Прес-центар на ОН - 14/11/05)
![]() Шпанскиот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро (десно) разговара со својот турски колега, Реџеп Тајип Ердоган, за време на состанокот на ОН во Мајорка во неделата (27-ми ноември). [AФП] |
Премиерите на Шпанија и Турција, Хозе Луис Родригез Запатеро и Реџеп Тајип Ердоган во неделата (27-ми ноември) го имаа првиот состанок на иницијативата Сојуз на цивилизациите, чија цел е зајакнување на почитта и дијалогот помеѓу исламските и западните општества.
Запатеро беше првиот кој ја предложи оваа идеја за сојуз во својот говор пред Генералното собрание на ОН во септември 2004 година, околу шест месеци по бомбашките напади во Мадрид, во кои загинаа повеќе од 190 лица. Турција, каде што повеќе од 60 лица загинаа при самоубиствените бомбашки напади во Истанбул, подоцна стана коспонзор на проектот, кој на крајот доби поддршка и од ОН и од повеќе од 20 земји.
„Сојузот на цивилизациите претставува напор во борбата против сите оние кои во кој било дел од светот и користејќи ги сите видови искривени аргументи... ја промовираат омразата и нетолеранцијата“, рече Запатеро во неделата на почетокот од тридневниот состанок на високата група на сојузот, кој се одржа во медитеранскиот туристички центар Палма де Мајорка. „Ние мора да избегнуваме проширување на јазот помеѓу европскиот и западниот свет.“
Претседатели на високата група се поранешниот генерален директор на УНЕСКО Фредерико Мајор и турскиот државен министер Мехмед Ајдин, професот по теологија. Други членови се: поранешниот ирански претседател Мохамад Катами, добитникот на нобеловата награда за мир од Јужна Африка, надбискупот Десмонд Туту, и Андре Азолај, советник на мароканскиот крал Мохамед VI, како и поранешниот француски министер за надворешни работи, Хуберт Ведрин, и претседателот на Американската банка за развој во заминување, Енрике Инглезијас.
Историското ривалство помеѓу христијанската и турската империја „е претворено во позитивна асоцијација“, рече Запатеро во неделата. „Ние мора да ги запреме изворите на екстремизам, да ја добиеме битката на идеи и принципи, да ги потхрануваме слободоумните мозоци, да го зајакнуваме инстиктот на соработка во нашите срца.“
Повикувајќи го целото човештво да се крене против судирите на цивилизациите, Ердоган рече дека екстремизмот не е искоренет во ниту една религија, јазик, земја, раса или нација, и дека погодува цели во различни делови од светот.
„Недостатокот на разбирање помеѓу цивилизациите претставува голем хендикеп и се претвора во екстремизам, нетолеранција и тероризам, па затоа е многу важно да му се стави крај“, рече тој.
Групата треба да му поднесе извештај на генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, во втората половина од 2006 година, за активностите во борбата против екстремизмот и промовирањето на взаемното почитување помеѓу цивилизациите и културите.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's